Речиси 100.000 потписи против хидроцентралата Луково Поле

Оваа електронска петиција произлезе по резолуцијата на Меѓународната унија за зaчувување на природата (IUCN) и поддршката од над 100 еминентни експерти и научници кои беа едногласни во својот став дека во националниот парк Маврово нема место за хидроенергетски проекти.


– 97.804 граѓани побараа од Светската Банка и ЕБОР да се откажат од финансирањето на двата хидроенергетски проекти Луково Поле и Бошков Мост. Тие испратија едногласна порака до Владата на Република Македонија да се откаже од намерата за реализација на двата хидроенергетски проекти Луково Поле и Бошков Мост – велат организаторите, кои испратија и пропратно писмо до премиерот Никола Груевски.

Електронската петиција почна на 9. април годинава, а поддршката можеше да се даде до 5. септември. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.