Кралевите се откажуваат од Герет Бејл

Весникот „Марка“ пишува дека претседателот на „Кралскиот клуб“ Флорентино Перез ги прекинал преговорите со Тотенхем и изјавил дека во моментов е неможно да се постигне договор со велшкиот фудбалер.
Последната понуда од Реал за Бејл шпанските медиуми ја соопштија пред два дена и таа се состоеше од 60 милиони евра плус Фабио Коентрао и Гонзало Игуаин.
Тотенхем за својот играч кој изминатата сезона беше избран за најдобар во Премиер лигата, бара 100 милиони евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published.