Р’бетен имплант за потенцијално лечење парализа

Наречен “e-Dura”, имплантот е изработен од тенка растеглива силиконска врвка со златни електроди (кои можат да се превиткуваат без да се скршат), кои до ‘рбетот носат електрични импулси и/или лекови. Досегашните импланти со слична функција предизвикувале воспалување и оштетување на заштитното ткиво околу ‘рбетот/мозокот бидејќи се триеле од него.
Тестиран на парализирани глувци, им овозможил повторно да проодат по само неколку недели тренинг. За неколку години се планира и тестирање врз луѓе, а се претпоставува дека ќе може да се користи во лечење на епилепсија, Паркинсонова болест, како и за разни болки во ‘рбетот.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.