Разочаран професионален војник со писмо до “Мојот Град”

Во последно време актуелна е приказната за стечајните работници и за професионалните војници. Бидејќи не можеме да се информираме за реалната состојба, односно да ја видеме и слушнеме вистинската приказна, решив преку овој текст малку од малку да ја запознаам јавноста.

Овојпат ќе се задржам на приказната за професионалните војници, додека стечајците ќе ги оставам за друга приказна, но овојпат реална.

Бидејќи премиерот нема кој да го пофали, тој поткупува новинари, телевизии, весници и така натаму за тие ги објавуваат приказните што тој сака да ги слуша и гледа, и на секои 15-20 минути слушаме и гледаме како тој ја објавува владината мерка за ново законско решение со кое по завршувањето на воената обврска со навршени 45 години старост, на професионалните војници ќе им биде понудена државна работа до нивно пензионирање. Работните места кои што ќе ги потполнуваат војниците по навршување на 45 години старост се во : Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда итн.

Доколку оваа владина мерка се преточи во законска регулатива, придобивките за истата, односно професионалните војници ќе ги осетат или пак не, дури во 2019 година. Ќе се запрашате зошто дури во 2019 година, а не сега?

Одговорот е многу едноставен, но пошироката јавност не знае зошто тоа е така. Најстариот професионален војник кој е во служба на Армијата на Република Македонија има 40 години старост.

Војниците кои требаа да се радуваат на оваа владина мерка или пак законска регулатива сеедно сега се социјални случаеви во оваа им нивна татковина. Тоа се војници кои во конфликтот во 2001 година беа во првите борбени редови, се бореа, а некои од нив го дадоа и животот за татковината.Владата донесе решение за 3700 активни професионални војници, но сепак ги заборави отпуштените војници.Истите тие треба да бидат вратени во армијата, или пак да бидат префрлени во полицијата ,судска полиција, шумска или затворска полиција. Седумдесетина професионални војници останаа без работа а се едни од најзаслужните.Проблемите и лошата ситуација во која се наоѓа армијата е една од големите причини тие да ја напуштат својата земја и својата иднина да ја продолжат надвор од границите на државата .

Зарем денеска заслужуваат тие преку протести да го добијат својот заслужен статус?

Oвој предлог е предложен од 2007 год, и за негово решение се чекаше цели 7 години.

• Зошто оваа мерка се одобрува пред престојните претседателски, а можни и предвремени парламентарни избори?
• Доколку премиерот Груевски навистина сака да го реши статусот на професионалните војници и на нивните најблиски во потесната фамилија, зошто не ги врати 120-те отпуштени војници?
• Зошто кога се организираа курсеви за подофицери не ги примивте 120-те војници кои сега се без работа, а на нивно место примивте војници со само неколку месеци работно искуство?
• Зошто одобрува команданти на терористички групи, кои се бореа против војската на АРМ, сега да бидат Министри за одбрана?
• Зошто оваа мека се објавува само ден, два после скандалозните откриени милионски тендери?
• Зошто МВР распиша јавен оглас за прием на 300 извршители на работно место ПОЛИЦАЕЦ, а на крајот на 2013 година истите ги промовира и вработи во единиците на МВР?
• Зошто на 20.01.2014 година започна вториот циклус на обука за полицајци во Идризово, кога веќе ветивте дека професионалните војници ќе ги потполнат овие места?

Зошто г-не Груевски ?

Одговорот е сосема јасен, далеку е 2019 година и по секоја цена сакате да поткупите, да уценувате граѓани само за да ја добиете власта и да ги доиспразните веќе празните џебови на народот.
Дали народот после ова треба да ви верува? Вистината е како шило, врти-сучи и ќе излезе на виделина…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.