РазМисли

пишува Звонко Каров

Во тоталитарен систем СДСМ го личи без пратеници.

Да сум Шеќеринска ќе го акнам Латас по глава со ташна или штикла.

Баба Ванѓа била ВМРО-вка. Предвидела вечност за Македонија после нејзината смрт.

Никако да дадат маркица за местото каде се наоѓа МТВ.

ВМРО-вец од Велес го брани Страхил Гигов,титоист и лазовист од Бранко Црвенковски.

Бејли за прашањето на слободните медиуми побарал средба со Солза Грчева.

Утрински весник никако да се прекрши и да даде награда за необјавена книга.

Милчин нека го проба Бато со претстава ,Народен премиер, Груевски излезе поразбран од Ван Гал.

Македонија ќе профитира повеќе ако ме напаѓа СДСМ, отколку ВМРО-ДПМНЕ. (Хан)

Хан не е за нив,за нас е!

Испржете ги оние што не се тука, рекол Хан во Пржино.

За се што се троши ќе платат либерал(н)ите.

Како тргна Никола после оставката ќе беше подобро да останеше премиер.

Бан Ки Мун рекол дека ние не сме биле народ,сме биле злато.Страмота!

Бадинтер го призна АСНОМ, кај нас го проблематизираат.

Не признавам политички аналитичари кои препознале 4 пораки од говорот на Груевски. Една беше!

Почна ептен да ме нервира кога некој ќе го откачи она -“Верувам во вековната и древната мудрост на мојот народ”.

Која и да биде претстава поставена на младинската сцена по вкус на едикојси,не може да се смета за одговор или придонес во културата ако се премолчува претставата во Јане Сандански.

Премолчувањето е акт кој може да се оцени како насилен.

Сите во Македонија биле ВМРО.Од тука почнуваат недоразбирањата.

Партиската опозиција треба појасно да се бори против ,Велиновизмот, кој тврди дека Милчин е Владе Гебелс.

Оној момент кога ќе видиме на МТВ, Сител, Канал 5, Алфа, Телма….дека некој скршил прозорец на некоја книжара, библиотека или стан за да украде книга од Б.Тричковски, а притоа власта на “крадецот” му даде субвенции како за 100 ха земја за најплатената земјоделска култура, ќе се врати надежта.

Leave a Reply

Your email address will not be published.