РазМисли (12)

пишува Звонко Каров

Македонија секогаш победува кога не го покажува својот карактер.

Слободен печат има секоја држава која дозволува да ја откажеш преку весник.

Ако му побараат импичмент може да го спичкат.

За каков модел сте, пропорционален или мнозински? За културен! Браво за Влатко Стефановски!

Многу избори поминаа, а ние сме уште на крстосница.

Најпосле Шешељ е слободен човек. И болен.

Големите риби ги јадат ајкулите.

Да си архивиран како Филип Петровски и не е така лошо.

За Македонија големи патриоти знаеле да испијат и до кило ракија.

Не чекајте го денот, ќе ви помине годината.

Подобро да земаат апанажа отколку пушка.

Ако му го одземат пасошот ќе му остане уште еден.

Колкав е коефициентот за избори на 5 јуни?

Пушти го, исправа криви дрва.

За да тргнеме напред треба да закочат.

Прави се глуп и остани са(г)лам.

Парите се најважниот политички фактор.

Се е релативно, земете пример со пиењето.

Ќе одам на забно, забите ми се тресат.

Може ли да го сменат? Може и да го влечат!

Leave a Reply

Your email address will not be published.