РазМисли (11)

пишува Звонко Каров

Не мозгај многу, влези во партија.

Најбистар ум имаше кога беше заматен.

Во партиската програма ветија загарантирана цена на еврото од минимум 61,20 ден.

Киро Глигоров беше последниот претседател на СРМ.

Нека ја сменат химната, може ќе и тргне на репрезентацијата.

Изненаден сум од изненаденоста на некои за некои.

Многумина сакаат да ги видат легнати Катица, Ленче и Фатиме.

Александар Велики не бил толку голем.

И од победа се извлекува поука.

Имаш право да гласаш, а немаш право на глас.

Никаквецот секаде може да го најдеш.

Кабинетот на претседателот плачел за нова гарнитура.

Како ли прават лице оние кои го немаат?

Раат се, нема шанси да добијат мозочен удар.

За се што направија треба да им се отчетиме на нивни начин.

Изгубија правец, ама добија право на првенство.

Бевме запад за истокот, сега сме појужно.

Leave a Reply

Your email address will not be published.