РазМисли (10)
пишува Звонко Каров
Кога народот одлучува за се, политичката елита мора да го држи в раце.
Има 19 години, а еден век бил за ВМРО .
Јас сум неутрален, за ЕУ и НАТО сум !
Да имаш со некој кафе муабет е чист турцизам.
Мислам дека не е паднат , пропаднат е.
-На што се запиша ? -На Уставен.
Овие од АЈДЕ ама се брзи мислиш Уставен ги плаќа да помине полесно.
Што може да се очекува од политичар кој се бори за иднината на младите ? Ништо, тој е само перспективен !
Што убаво си напредувавме 10 години, будалите не закочија !
На мала душа сте, дишете на музеи. (Ванхауте)
Од толку безобразни пратеници белки ќе се најдат 62-јца умни да не се самораспуштат.
Сме биле во редовна политичка состојба, не сум знаел.
Си правиме муабет, а што ако ДИК не сака да организира и спроведе избори до редовниот термин ?
Времињата се сериозни, заебавајте се!
Денес, Ѓорѓе и Трајко не поднесуваат оставка, тие се на функција пред да фати политичката криза.
Да пробаме еднаш без поставување на рокови , можеби ќе ги запазиме.
Одложете со датумот за самораспуштање барем до 29 февруари. Партиите се зафатени со годишните сметки.
Како Груевски ќе барате, ама ќе нема !
Бејли беше многу јасен. Само ВМРО-вец може да каже дека сме за СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ треба да си излезе на избори.
Кај ќе ни биде крајот кога ќе излеземе од политичката криза ?
-Ќе има ли избори на 24 април ? -Не знам, си има пратеници таму, тие како ќе решат така !
Хаааааа ДУИ остана на иста линија со меѓународната, а ние и понатаму на старата, на линијата на огнот.
Кога рекле дека Хан е арамија, коцкар, кретен, вол, сероња, ортак на овој-оној….Неееееее , не сте ги разбрале, човекот отсекогаш бил со интегритет, ја гледал суштината.
Ако Груевски си замине од ВМРО-ДПМНЕ , СДСМ нека им го даде Заев за В.Д. – да ги среди.
Единствената македонска псовка која не може да предизвика ќотек е да те опцујат во идентитетот.
И Заев кој ѓавол го дупна да лицитира со датум за избори , туку трчи пред Бејли !
При толку разочарувања што и приредија на меѓународната со овој Пржинскиот, пак ме чуди како издржа и не си замина.
Русите не реагираа со прес околу датумот за изборите, освен ако не ги сметаме за нивни Мирка, Латас и Миленко. Ама нив ниту Груевски многу не ги шиша!