“Расправа за доброволното ропство” – Etienne de La Boétie

Би сакал, во ова прилка, да сфатам како тоа толку луѓе, толку села и градови, толку нации поднесуваат понекогаш еден единствен тиранин кој ја има само онаа моќ која ќе му ја дадат; кој има сила да им наштети само ако тие сакаат тоа да го поднесат; кој може да им направи нешто лошо само ако тие се сложат да не му противречат. Тоа е секако голема а сепак така обична работа, па сигурно повеќе ќе се растажите отколу што ќе се изненадите со тоа што милионо луѓе бедно служат, со наведнати глави под бесрамната тиранија, не затоа што на тоа ги приморува некоја појака сила, туку затоа што се изгледа маѓепсани од самото име на Едниот …
Но, Господе ! Што може тоа да биде? Како тоа ќе го именуваме? Каква ли е тоа несреќа? Каков е тоа порок, односно каков несреќен порок е тоа што бескрајно мнозинство луѓе не само послушно, туку и слугински; не само што со нив владеат туку и ги угнетуваат … тоа страда поради кражба, арамилак и свирепост, и тоа не од некоја војска, ниту од варварски хорди (од кои секој со крв би го бранел својот живот) туку од еден единствен човек; не од некој Херакле или Самсон, туку од едно човече. Ќе го наречеме ли тоа кукавичлук?

Ќе ги наречеме ли луѓето кои му служат кукавици и слабаци? Секој порок, секако, има свои граници преку кои не може да помине; двајца, а и десетина може да се плашат од еден, но кога илјада, милион луѓе или илјада градови не се бранат од еден, тоа веќе не е кукавичлук бидејќи тој до таму не оди. Каков ли е тогаш тоа монструозен порок кој природата порекнува дека го направила и кој јазикот одбива да го именува?

Јадни и бедни, безумни народи, тврдоглави нации во својата несреќа и слепи за сопственото добро ! Допуштате пред вас да го носат најдобриот и најсветлиот дел од вашите приходи, оставате да ви ги крадат полињата, да ви ги пустошат куќите и да ви одземаат работи од вашите предци; живеете така што ништо не ви припаѓа; ако ви остават поливина од вашите богатства, семејства, јадни животи, се чини дека тоа го сметате за голема среќа; цела таа штета, таа несреќа, тоа рушење не произлегува од вашите непријатели, туку единствено од вашиот непријател, и тоа од оној кој вие го направивте она што е, за кого така храбро тргнувате во војна и поради чија суета не одбивате да ги ставите вашите животи пред смрт. Оној кој така господари со вас има само две очи, две раце, едно тело и ништо друго што не би го имал и последниот жител на големиот и бескраен број ваши градови. Она што тој има а вие не – тоа се средствата кои вие му ги давате за да ве уништи. Откаде му се толку очи да ве следи освен ако вие сами не му ги давате? Како тоа да има толку раце за да ве удира, освен ако не ги зема од вас? Нели се тоа вашите нозе со кои ги гази вашите градови? Како тоа да воопшто има некаква моќ над вас, освен ако тоа не е со ваше посредство? Зар би се осудил да управува со вас ако не се договорил со вас? Што би можел воопшто да ви направи ако не сте закрила за крадецот кој ве ограбува, ако не сте соучесник на убиецот кој ве убива, и свој сопствен издајник?

Бидете одлучни во тоа дека не сакате повеќе да слушате и – ќе бидете слободни.

 

 

Превод: К. Попова

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.