Рација во Турција: Приведени противници на Ердоган

Потезите против “паралелните структури” во турските власти досега се фокусираа на осомничените припадници на Гуленовата мрежа во полицијата, судството, медиумите, и една банка, вели агенцијата Доган.

Ердоган ги обвини Гулен дека се обидува да го смени од власт, што свештеникот го негира.

 

Полициската операција беше насочена кон централниот град Коња, но рација имало и во повеќе од десет покраини. Приведени се 20 лица, вклучувајќи го и еден поранешен шеф на регионалната полиција.

Операцијата беше спроведена во рамките на истрагата против, како што наведува обвинителството, “Фетулахистичките терористички групи”. За сега не е познато за што се обвинети приведените лица.

 

Полицијата одби да ја коментира денешната операција, која беше спроведена само две недели пред парламентарните избори на 7 јуни.

Ердоган очекува дека овие избори ќе му овозможат да ги спроведе уставните реформи и да ги зголеми своите претседателски овластувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published.