Работници “Робови“ во Катар
Британски Гардијан објави дека 44 работници од Непал имаат настрадано во периодот од јуни до август во текот на оваа година поради несреќни случаеви на работата, или поради срцеви проблеми кои се предизвикани поради високите температури.
Како што наведува британскиот весник, непалските работници се третирани како робови и исто така претставуваат жртва на експлоатација и злоставувања.
Организаторот на мундијалот во Катар нагласи дека катарската влада сериозно се ангажира околу истражувањето на овие сериозно лоши случувања во Катар.
Како што наведува Гардијан, исто така на непалските работници на градилиштето во некои случаеви не е давана вода за пиење, а на некои му се одземани пасоши.