Работилници на тема: Потребата од функционален систем за социјална заштита

Активистот Џелал Хоџиќ истакна дека Македонија според Уставот е социјална држава, а во пракста е земја на социјална неправда, а нефункционаланиот систем за социјална заштита го објаснуваше со конкретни примери. Како едно од алтернативните решенија ги предложи предлог мерките кои 8-ми Септември уште во март ги има доставено до Владата на Република Македонија, како и до ЗЕЛС.

Активистите од Кавадарци со свои примери ја објаснуваа тешката социо-економска состојба на граѓаните и се согласија дека системот на социјална заштита треба да претрпи суштински промени, како би бил во функција на граѓаните.

Поради арогантноста на Владата и на ЗЕЛС, од кои 8-ми Септември нема добиено никаков одговор или мислење за предложените предлог мерки, Хоџиќ укажуваше на потребата од многу поголема координација помеѓу активистите за прашањето на социјалната правда, а преку таа координација би се овозможил поголем притисок кон институциите кои ги игонорираат иницијативите по ова прашање.

Владимир Вангелов ја промовираше бесплатаната правна помош, која здружението 8-ми Септември ја пружа на сите оние на кои им е потребна.


8-ми Септември низ Македонија ќе одржи вкупно десет работилници на оваа тема. Досега се одржани во Куманово, Гевгелија, Кавадарци и Прилеп, а во следните две недели ќе бидат одржани во Гостивар, Кичево, Охрид, Штип, Крива Паланка и Кочани.

Leave a Reply

Your email address will not be published.