Работи во кои верувате без прашање – а потполно се лажни
Пукањето на прстите предизвикува артритис
Скроз погрешно! Истраѓувањата направени минатата година покажале дека ова е целосно погрешно.
Ако имате мрсна кожа треба да ја исушите
Голем дел од луѓето кои имаат мрсна кожа сметаат дека треба да ги исфрлат кремите и да ги избегнуваат козметичките препарати кои ја хранат кожата. На тој начин само ќе ја влошите работата, бидејќи кога ќе ја исушите мрсната кожа таа само ќе произведе повеќе масти. Единствен лек е да користите козметички препарати но без масло.
По бурна ноќ кафето е она што ќе ве отрезни
И повторно еден мит прифатен од сите. Не, кафето нема да ве отрезни, туку само ќе ве разбуди и ќе го подобри сеќавањето колку всушност сте биле пијани. Подобро одлучете се за вода, таа сепак ќе го “испари” внесениот алкохол.
На вашето тело дневно му треба барем осум чаши вода
Генерализирањето на количината вода која треба да се внеси во организмот е потполно погрешно. Луѓето се различни, и во текот на денот извршуваат различни работи, па според тоа имаат и различни потреби за вода. Ако на пример цело реме седите ќе ви требат најмалку вода отколку на некојкој цел ден е на нозе. Просечно човекот и требало да внесува еден литар вода.
Ако јадете после 20.00 часот побрзо ќе се здебелите
Истражувањата покажале дека ова е една голема заблуда. Нутриционистите ова го нагласуваат само поради тоа што во овој период од денот најчесто сте пред ТВ или компјутер со грицки во рака не приметувајќи кога телото е сито. Со други зборови, не постојат специфични разлики кај метаболизмот во различни делови од денот. Она што навистина ќе ве направи дебели е внесувањето на повеќе храна отколку што навистина ви треба, без оглед на делот од денот.
Бричењето на влакната прави тие да растат погусто
Овој мит е срушен уште во 1928 година но тоа ретко кој го знае. Вистината е дека со бричењето нема ефект на растот на влакната. Влакната кои израстуваат се потемни само поради тоа што не биле изложени на светлост.