Работи кои стануваат подобри со стареењето

Љубовта – Иако во младите години може да биде забавна, таа е полна и со нереални очекувања. Наместо тоа, во подоцните години веќе сте ги минале сите падови и сега уживате во нешто реално и посилно до било кога.

Алергии – Добрата вест е што алергиите и настинките се намалуваат како што стареете.

Самодоверба – Нивото на самодоверба и покрај тоа што варира од човек до човек, е минимум 3 пати поголема во средната доба отколку во младоста. Изгледа тоа е резултатот на долгогодишното искуство.

Мислењето за сопствениот изглед – Се сеќавате колку си го мразевте своето тело кога сите околу вас носеа кратки шорцеви, а вие мислевте дека имате дебели нозе? Колку сте постари, толку повеќе ја цените единственоста, а не градбата на телото која ја имате.

Одлучување – Одлучувањето е многу полесно, и тоа кога се работи за поголеми животни одлуки. И секако, истите одлуки се безброј пати момудри.

Емпатија – Најчувствителната група на луѓе дефинитивно се оние кои имаат над 50 години. Тоа и не е така лошо, што значи колку повеќе старееме толку повеќе ги разбираме туѓите проблеми.

Семејни врски – Иако некои членови во семејството се по малку луди, учите да го цените времето минато со нив. Како што стареете сè повеќе успевате да ги зацврстите семејните врски.

Женски оргазам – Можеби не ви се верува, но повозрасните жени секојдневно може да уживаат доживувајќи оргазам. Според спроведените истражувања младите девојки имаат потешкотии во младоста, но по 40тата година имаат 70% шанса да уживаат во оргазмите.

Нивото на стрес – Може никогаш нема да бидеме изолирани од стресните ситуации, но добрата вест е што стресот се намалува обратно пропорционално со годините.

Пријатели – Биле до вас и во добро и зло, ве држеле за рака и во најлошите денови и се смееле со вас во најсреќните моменти. Долгогодишните пријателства едноставно немаат цена, ниту рок на траење.

Негативни емоции – Негативните емоции како што се осаменоста, депресијата, лутината и досадата се намалуваат со текот на годините, а тоа е и научно потврдено.

Главоболки – Истражувањата покажуваат дека главоболките се намалуваат со текот на годините. Ако во младоста ги имавте речиси секој ден, кога ќе остарете ќе можете да уживате во денот без никаква напнатост и болка.

Вашиот стил – Личниот стил дефинитивно се гради и подобрува со текот на годините. Ако некогаш бевте модни робови, сега имате шанса да прераснете во модна инспирација.

Среќа – Постои многу добра причина да ставите насмевка на вашето лице: Со текот на годините се намалува стапката на луѓе кои страдаат од депресија и анксиозност.

Мудрост – Старата поговорка која кажува дека колку што сме постари, толку сме помудри е дефинитивно точна. Со мудроста не се раѓаме, туку ја стекнуваме во текот на животот.

Сон – Ви недостасува сон? Според научниците по 60тата година невозможно е да почувствувате замор. Вашето тело е така навиено што нема да ви дозволи да пропуштите ни минута сон.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.