Путин на историски највисок рејтинг од 74 проценти

Според анкетата спроведена на 7 и 8 февруари, 74 отсто од испитаниците одговориле дека би гласале за Путин доколку утре би се одржале избори за шеф на државата.
Тоа е за два отсто повеќе отколку истражувањето кое ФОМ го спроведе на 31 јануари и 1 февруари.
Рејтинзите на останатите политичари не се променети, па лидерот на Либералнодемократската партија на Русија Владимир Жириновски има поддршка од пет отсто од избирачите, лидерот на Комунистичката партија Генадиј Зјуганов четири, а поранешниот лидер на Граѓанската платформа бизнисменот Михаил Прохоров еден отсто, покажува анкетата.
Според податоците 44 отсто од испитаниците искажале целосна доверба во Путин, додека 41 отсто го одбрале одговорот „повеќе верувам“. Притоа 84 отсто од анкетираните се убедени дека работата на таа функција на Путин е добра.

Leave a Reply

Your email address will not be published.