Путин: Огнот во источна Украина ќе престане на 15 февруари

Претседателот на најголемата по територија земја во светот, излезе од салата во која беа преговорите во Минск, на кои се разговараше за можноста за постигнување мир во Украина. Тој излезе од салата, каде заедно со украинскиот колега, Петро Порошенко, францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел, се обидуваа да постигнат договор за крај на конфликтот.

– Тоа не беше најубавата ноќ во мојот живот, рече рускиот претседател пред да ја објави веста за прекин на огнот.
Путин изјави дека е постигнат договор за повлекување на тешкото вооружување од реонот на конфликтот. Исто така лидерите на непризнаените Доњецка и Луганска народни републики, Александар Захарченко и Игор Плотницкиј, најавија дека ќе го потпишат договорот, кој претходно одбија да го потпишат.

Leave a Reply

Your email address will not be published.