Путин го предупреди Западот да не презема еднострана акција во Сирија

Тој додаде дека Москва може да го продаде системот на други држави ако Западот ја нападне Сирија без одобрение од СБ на ОН.

Само постоењето на цврсти докази може да ја убеди Русија за употребата на хемиско оружје во Сирија, изјави Путин.

– Ќе не убеди темелна истрага на прашањето и присуството на очигледни докази, што убедливо покажуваат кој и што употребувал, изјави Путин, пренесува ИТАР-ТАСС. Дури тогаш Русија ќе биде подготвена да дејствува на решителен и сериозен начин.

Ако имаме објективни, точни податоци кој го извршил тоа кривично дело, ќе има реакција, изјави Путин во одговор на американски дописник.

– Ве уверувам дека ќе заземам принципиелна позиција, нагласи рускиот претседател, додавајќи дека употребата на оружје за масовно уништување е кривично дело.

Во интервјуто пред утрешната средба во Санкт Петербург на врвот на Г-20, Путин рече дека жали за одлуката на американскиот претседател Барак Обама да откаже средба меѓу нив во Москва. Тој изрази надеж дека со Обама ќе имаат сериозни разговори за Сирија и други теми на средбата на Г-20.

Leave a Reply

Your email address will not be published.