Пустошот во градскиот парк во Кавадарци продолжува, овојпат украдени ЛЕД светилките

Деновиве главната пешачка патека во Градскиот Парк „Љупчо Шкартов“ како и платото пред Спомен костурницата се во темница, пренесува КТВ.

Имено, по извршениот увид од страна на надлежните во Општина Кавадарци, констатирано е дека насилно се извадени и украдени 9 комплети ЛЕД светилки со проѕирни Опал топки. Овие светилки беа поставени есента 2013 година како дел од проектот за целосно осветлување на паркот и костурницата, а до скоро беа во функција на граѓаните.

Кражбата на светилките е извршена на потегот од влезот во паркот пред ресторанот „Бриони“ се до „Винската куќа“.

Извор и фото: КТВ телевизија

Leave a Reply

Your email address will not be published.