Психологија на масите: Кажи ми колку сакаш да те сакаат!
Малку луѓе, било во областа на т.н. односи со јавноста или надвор од неа, денс слушнале за името Edward L. Bernays иако секојдневно користат или го спроведуваат она што овој човек го направил индустрија, без кое денес е назамислив светот кој го познаваме. Тука не би имало ништо необично ниту оваа приказна би била интересна, освен на тесниот круг ‘експерти’ кои се занимаваат со тоа, ако истиот тој Bernays го немал многу попознатиот и позначајниот вујко по име Sigmund Freud. Во време кога Bernays го барал своето место под сонцето, неговиот вујко ја дигнал целата научна заедница на нозе со своите познати комплексни теории за човековата психа и нејзините несвесни процеси како прекинувачи за свесната работа, револуционизирајќи ја дотогашната визија на Decartes за човекот, Cogito ergo sum.
Разликата меѓу овие двајца е идентична со разликата меѓу светот кој го гледаме како учесници во економската заедница базирана исклучиво на профитот поради профитот, продажбата поради хиперпродукцијата на стоки и услуги, купувањето среќа, табелттие поритв било какви негативни чувства од една страна, и чувството на изманипулираност и длабоко всаденената хуманистичка вредност дека човековото постоење е сепак нешто повеќе.
Она што Edward Bernays го направи, е дека вујковите белешки и искуства стекнати во годините поминати со него, во кои при долгите прошетки ги впивал неговите спознанија, направил плодоносен бизнис и создал фенмен на 20-тиот век познат по кратенката ПР или во поширока смисла – пропаганда. Успеал себе си да се избрендира со името на вујко му, нарекувајќи го свој ментор, користиејќи ги неговите увиди во човековата психа за осмислување на корпоративни ПР кампањи. Но, постои очигледен парадокс во односот према световите на овие двајца. Фројдовото лечење со разговор осмислено е со цел несвесните психичи процеси и скиени мотиви да се доведат во свесна состојба и да се анализираат за да се помогне на луѓето да живеат исполнет живот. Bernays, спротивно на тоа, ги користел психолошките техики за да ги замаскира скриените мотиви, одржувајќи ја јавноста несвесна за процесите кои се одвиваат внатре во нив, одземајќи ја при тоа секоја волја за свесна акција или реакција. И успеало, баш поради тоа што Фројд ги срушил до тогаш втемелените верувања во светото на умот на Decartes. Човекот станал и емоционално суштество многу често ирационално водено од несвесни емотивни процеси.
Freud се оградил од била каква поврзаност на неговото дело со индустријата. Го одбил позивот на својот внук да отпатува во Америка и понудата да се збогати со помош на своите комплексни психодинамички теории во корист на пропагандата, иако како евреин во тоа време (триесетите години од минатиот век) во Виена му бил загрозен животот. Подоцна, знаеме, заминал во Лондон, каде набрзо и умрел. Денес ќерката на Bernays, Аnne, тврди и тој пред се имал благородни мотиви во создавање на својата теорија, но тешко можеме да веруваме дека помислил како неговите теории се првенствено мотивирани од желбата за остварување на поздрави и поисполнети животи во односите меѓу луѓето, водејќи се само со тоа кој всушност е нарачател на нивните имплементации во пракса.
Во “Пропаганда”, една од неговите први книги, Bernays пишува: “Доколку ги разбираме механизмите и мотивите на групното размислување, можно е да се контролира и придвижи масата по наша волја, бе нивно спознание за тоа.” Во своите подоцнежни книги го создал терминот ‘инженеринг на согласноста’ како би се опишале техниките за контрола на масата. “Свеста и интелегентната манипулација со организираните навики и мислења на масата е битен елемент за демократските општества.” Bernays продолжува: “Оние кои манипулираат со овие несвесни општествени механизми конструираат невидлива власт која единствено само таа има вистинска моќ над нашата земја … Во скоро секоја акција во нашите секојдневни животи, било во областа на политиката или бизнисот, или нашата социјална ангажираност или етика, доминирани сме од влијанието на мал број луѓе … кои ги разбираат менталните процеси и општествените примери на однсување на масата. Тие се оние кои ги влечат конците кои го контролираат мислењето на масата.”
За време на животот на Berneys, терминот ‘пропаганда’ добил целосно ново значење кога таа станала позната на широката јавност благодарение на ужасите од режимот на Хитлер и монструозниот нацистички ПР генеијалец со име Joseph Goebbles, како и пропагандните акции на СССР. Во своите мемоари, Bernays пишува дека бил ‘шокиран’ кога дознал дека Goebbels во својата приватна библиотека ги чува сите копии од неговите трудови, и како баш неговите теории помогнале во создавањето и растот на Третиот Рајх.
Почнувајќи од бенигните кампањи како што е онаа за ‘сеамериканскиот појадок’, кога Berneys ја прифатил работата во прехрамбената индустрија за да ја зголеми продажбата на сланина и промената на закоравените навики да се појадува кафе и колачиво општо познатата, сега веќе и крилатица “Bacon and eggs”. Berneys спиновски ја превртел приказната, ги запрашал лекарите дали подржуваат “јак” или “лесен” појадок; одговорот секако бил “јак појадок”, на што Bernays ја понудил американската сланина. Кампањата се одвивала преку едукации за важноста на обилниот појадок, и на тој начин создаден е и тренд. Денес во Америка меѓу мнозинството граѓани утрото е незамисливо без сланина и јајца.
Во 1920 година American Tobacco го вработуваат со цел да го прошират својот, до тогаш исклучиво машки, пазар, и на жените. Во јавноста во тоа време пешњето кај жените се сметало за табу. Она што Bernays повторно спиновски го направил е дека го искористил будењето на женските движења за рамноправност. Ангажирал женски модели и упатил повик кон сите медиуми дека на градската парада во Њу Јорк група на активистки во борба за женските права ќе го запалат “факелот на слободата”. На негов нзак пред гладните фотографи девојките запалиле Lucky Strike цигари, и следниот ден сите медиуми ја пренесувале веста како група девојки пушат цигари во знак на слобода. Треба ли да се додаде дека пушењето меѓу жените денес остана знак на независност, индивидуалност и на крај рамноправност. Веројатно води кон рак на белите дробови, но веќе споменавме дека рационалноста со тоа нема ниту мала врска.
Иако градел сопствена слика како борец за рамнправност и човекови права, неговата работа за United Fruit Company имала застрашувачки последици. Имено, неговата кампања имала директно влијание на решењето од страна на ЦИА на демократски избраната влада во Гватемала. Терминот ‘банана република’ е скроен баш да би ги прикажал сликовито спрегите и корупцијата меѓу United Fruit Company, владата во Гватемала и земјите од централна Америка. Компанијата брутално ја искористувала ефтината работна рака за да би произвела банани за лукративниот пазар во САД. Кога владата била реформирана, избрана на демократски избори, пробала да се здобие со дел од моќта и контролата над работите во комапниите во својата земја, bernays ги лобирал медиумите и политичките елити против владата и реформите. Тоа се случувало во педесетите години од минатиот век, кога американската параноја и опседнатост со комунистичките непријатели била на својот врв, време на почеток на Ладната војна. Тогаш почнуваат да се појавуваат написи во сите релевантни американски дневни весници за растечкото влијание на комунистите во Гватемала, со план да во тираж од 300 илјади примероци се издаде брошура со назив “Комунизмот во Гватемала – 22 факти”, и истата да се дистрибуира до организацијата по име American Legion (здружение на ветерани и војнции на американската војска).
Неговите акции воделе директно кон брутален воен удар, кога војската ја урнала демократски избраната влада, со помош, обука и оружје од ЦИА. Трагичниот исход на оваа приказна бил долга тиранија која со злосторствата опасно се приближува кон Хитлеровиот режим, во која се осудувани, убивани и иселувани најголем дел од малцинското население со индијанско потекло и индијански племиња како Маите.
Во биографкската кнога на Tyeo за Bernays, се извлекуваат на светлина антидемократските и опасните корпоративни погледи на светската индустрија во однос на јавноста. Таа опасност не се гледа поради фактот што ПР индустријата, додека манипулира со јавното мислење, делува зад сцената. Баш таа стратегија на ‘невидливост’ е причина поради која академикот Scott Cutlip односите со јавноста ги нарекува :невидлива моќ”.
Што се однесува на нашата земја, јасно е дека ПР аганециите, специјалистите, консултантите, благодарение на спознанијата од сто годипниот развој на оваа иднустрија во светот, владеат то медиумите на сите нивоа. Живееме живот надвор од своите можности, гладни за работи кои реално не ни се потребни. Ја променија реториката на новите гарнитури политичари во смирувачка, необвинувачка и разумна, по сите хушкања, осветувања, национално обоени реторики на бившите, што е всушност чекор напред, ако не према друго, тогап барем према олсенување на атмосферата во кризните времиња во кои живееме. Во сите медиуми, 50% од содржината е пласирана од страна на ПР агенциите ангажирани од разноразни домапни и странски корпорации, странските корпорации во сопственост имаат голем дел од домашните медиуми.
Колку има вистина во она што го слушате и читате, и што вие од тоа имате, останув ана вас да одлучите. За сите нас кои сакаме да ги слушнеме двете страни на приказната останува интернетот, барем уште некое време …
Извор: akuzativ.com