Prynt: Додаток на вашиот смартфон за принтање фотографии

На уредот му се потребни околу 30 секунди за да ја испечати фотографијата, со што им овозможува на корисниците на смартфони инстантна физичка копија од дигиталната фотографија, како што тоа би го направила една Polaroid камера.
Prynt користи специјална хартија со мастило, со што корисниците не треба да се грижат за менување на кертриџите со мастило. Во уредот собира десет листови хартија одеднаш,а кога ќе ги потрошите може да нарачате нови на интернет страницата на компанијата каде 50 парчиња чинат 25 долари.

printer2

Исто така, има интересна опција за изменета реалност. Секогаш кога правите фотографија снима кратко видео, па кога ќе ја испечатите таа фотографија, ако ја ставите камерата над неа, апликацијата ќе ви го пушти видеото – што на некој начин ја оживува фотографијата.
Проектот се најде на Kickstarter, каде за кратко време ја надмина очекуваната сума на собрани парични средства. Prynt е компатибилен со iPhone 5/s/c/6 и Samsung Galaxy S4/S5, а ќе се најде на пазарот ова лето по малопродажна цена од 99 американски долари.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.