Провладините медиуми – “пералниците на мозоци”, со огромен долг кон државата?

ЈП „Македонската радио телевизија“ должи над 36,5 милиони денари, односно 593.000 евра за данок на државата, пренесува Либертас. Таа е дел од црната листа должници кон државата објавена денеска на веб страницата на Управата за јавни приходи на која се најдоа имињата на фирми познати во јавноста по лошото работење, фирми во стечај или кои воопшто не работат, здруженија на граѓани, адвокати, познати ресторани, градежни фирми, продукциски куќи, обични граѓани, но и општини и јавни претпријатија, акционерски друштва во државна сопственост и државни агенции кои се финансираат од буџетот на државата.

Тие на државата ѝ должат пари за неплатен данок на додадена вредност (ДДВ), данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. Овие долгови доспеале до крајот на февруари и не се платени до крајот на мај годинава.

И Алфа телевизија, која од неодамна е во строј со телевизиите кои ја воспеваат власта, а оцрнуваат се живо кое не го дели нивното мислење, и должи на државата за неплатен данок. Телевизијата се најде на листата на должници на Управата за јавни приходи. Сумата која ја должи Алфа е 2.891.046 денари. 

Извор Либертас

Leave a Reply

Your email address will not be published.