Протестот вроди со плод, во с.Бојанчиште протече “лукарката”!

Проблем од техничка природа била причината што жителите од кавадаречкото село Бојанчише скоро месец дена беа исклучени од водоводната мрежа, изјави Александар Панов, градоначалник на општина Кавадарци.

Веднаш после сторијата која ја објави порталот Мојотград дека жителите на ова село повеќе денови се без вода за пиење, селаните упатија и апел до кавадаречката јавност дека доколку во најбрз временски период не се реши проблемот со водоснабдувњето тие ќе излезат на протести и ќе го блокираат овој патен правец кој врзува многу планински села а и индустриски капацитети. Апелот очигледно вроди со плод и експресно ова село е приклучено на водоводната мрежа.

“Кога Бојанчиште има вода тоа е на голема штета за градот. Кога ова село е приклучено на водоводната мрежа тоа значи 30% помал водотек за општина Кавадарци. За наредната година ќе изработиме ново трајно техничко решение кое ќе го реши овој проблем” – изјави Панов.

“Луѓето од Бојанчиште добро знаат дека таму ѓончето е во одлична кондиција како и сите земјоделски култури кои тие ги садат и ги наводнуваат од водата за пиење и оваа година исто како и мештаните од селото Куманичево осетија што значи да се нема вода” – порача градоначалникот.

Жителите од Бојанчиште запрепастени од ваквиот став на градоначалникот и апелират дека доколку во селото имало индустриска вода нема  потреба да се полеваат бавчите од градскиот водовод. Исто така напоменаа дека добитокот е главната егзистенција за овие жители и дека мораат да обезбедат соодветни услови и храна за да можат да истуркаат ден за ден. Исто така го потсетија и градоначалникот Панов за милионските суми на пари наменети за владините кампањи каде се апелира заживување на селата и нивен просперитет. Како да се развива селски туризам кога немате вода за пиење?

Leave a Reply

Your email address will not be published.