Протестите во Турција се позаострени по потврдата за смртта на втората жртва

20 годишник прегазен, 22 – годишник застрелан !

Иако на социјалните мрежи веќе неколку дена се шират информации за тоа како во насилните антивладини протести има мртви, а и Амнести Интернешнал уште во текот на викендот известиле дека најмалку двајца погинале, а турските власти дури сега ги потврдија двата смртни случаи.

Властите тврдат дек двата потврдени смртни случаи не се поврзани со протестите и дека медиумите ги користат за подигање на тензиите. Спротивната стран тврди дека бројот на загинати е и поголем и дека властите ја кријат вистината и ја заташкуваат бруталноста – на народот, без двоумење се удира со пендреци, солзавец, водени топови, оклопни возила … Страдаат и случајните минувачи.

Првата службено потврдена жртва настрадала во насилните протести – 20 годишниот Mehmet Ayvalitas, кој, според информациите добиени од турското здружение на лекари, настрадал во истанбулскиот кварт Мајис каде такси возило се удрило во група протестанти.

Вториот смртен случај го потврдиле локалните власти во градот Антакија. 22 годишниот Аbdullah Comert, млад припадник на опозициската Републиканска народна партија, застрелан е во понеделникот. Властите известиле дека бил “тешко повреден при пукотниците од страна на неидентификувана личност” а подоцна умрел во болницата.

Вистинскиот борј на настраданите за сега е непознат, се стравува дека тој е многу поголем. Неслужбените бројки зборуваат за стотина повредени, а голем дел од нив се во критична состојба.

Протестите да ги пoдоржат и работничките синдикати

Едно од најголемите здруженија на турските работнички синдикати, Кеск, во кое членуваат околу 240.000 работници, одлучило да ги подржи антивладините протести низ Турција, со дводневен штрајк. Зружението кое е претсавник на 11 синдикати ја оптужува владата за “Државен терор” и непочитување на демократијата. Штрајот најавен за вторник и среда ќе влијае врз училиштата, факултетите, државните институции …

Во екот на протестит во Турција премиерот заминал надвор од земјата и повикува на смирување на ситуацијата

Додека протести ја дрмаат Турција, премиерот заминал надвор од неа. Рекол дека не станува збор за “бегство од земјата” туку за веќе планирано службено патување во четиридневна посета на Мароко, Алжир и Тунис.

Ердоган не само што не работи на смирување на ситуацијата, туку, додека е надвор од Турција уверува дека ситуацијата во земјата се смирува и дека сето тоа ќе се среди само од себе до неговото враќање. “До моето враќање проблемите ќе бидат решени”, рекол тој.

Но, кога ќе се погледне вистинската состојба во земјата јасно е дека во неговите приказни за смирување на ситуацијата нема ни ронка вистина. И вчерашните протести траеле до долго во ноќта. Најжестоко повторно било во Истанбул, на плоштадот Таксим и пред владата во квартот Бешикташ, но и во Анкара. Демонстрантите биле повторно растерани со солзавец.

Денешниот ден започнал повторно со нови собирања на демонстрантите уште во раните утрински часови, а полицијата реагирала повторно со нова доза созавец и млаз од водени топови.

 

Заменикот на турскиот премиер е спремен да ги сослуша демонстрантите

Додека турскиот премиер го нема во земјата, неговиот заменик Bulent Arinc порачал дека е спремен да ги сослуша барањата на демонстрантите, а организаторите на првичните протести за спасување на паркот Гези ги повикал на состанок.

Лидерот на опозицијата: Премиерот со својата реторика ги зајакнува тензиите, наместо да ја смири ситуацијата

Лидерот на главната опозициска партија во Турција, Републиканската народна партија, Kemal Klicdaroglu се сретнал вчера со турскиот претседател Abudullah Gul за да поразговараат за протестите кои ја дрмаат земјата, како и за оптужбите према Erdogan дека зад протестите стои опозицијата.

“Премиерот со својата реторика ги зајакнува тензиите, наместо да ја смири ситуацијата”, наведе Klicdaroglu.

Leave a Reply

Your email address will not be published.