Протести во Франкфурт, десетина повредени, над 350 уапсени

Полицијата се обидува да ги растера демонстрантите со солзавец, а запалени се неколку полициски возила.
Рано изутрина за кратко време протестите прераснале во насилни, а на улиците се поставени гуми што потоа биле запалени. Над градот се крева црн чад.
Демонстрантите го блокирале централниот мост преку реката Мајна и една од главните сообраќајници во источниот дел на градот.
На протестот се очекува да дојдат многу граѓани кои се незадоволни од политиката на Владата и кризата во Европа за која ги обвинуваат Европската централна банка, Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.

Leave a Reply

Your email address will not be published.