(Видео) Протестите се прошируваат и во Бразил

Група демонстранти фрлаа петарди по полицијата и запалија канти со ѓубре.Околу 80 полицајци во зградата на локалниот парламент на Рио одговорија со солзавец и гумени куршуми. Според полицијата, петмина полицајци биле ранети од демонстрантите. Според податоци на полицијата, во Рио протестирале околу 100.000 лица. Во главниот град Бразилија најмалку 200 демонстранти се качиле на покривот на националниот парламент. Според податоци на полицијата, во престолнината демонстрираат 5.000 лица.

Во Сао Паоло исто така се оддржаа демонстрации, на кои учествуваа околу 65.000 лица. Во Бело Хоризонте полицијата истрела солзавец против демонстрантите, за да ги спречи да се доближат до стадионот Минеирао, каде се играше фудбалскиот натпревар од Купот на конфедерациите меѓу Нигерија и Тахити.
Во другите градови полицијата одблиску ги следи протестите, без да ги задушува.
Претседателката на Бразил Дилма Русеф изјави дека мирните демонстрации се законски и се дел од демократијата.
Во целата земја демонстрираа над 200.000 лица.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.