Протести на тутунарите од Прилеп, Струмица и Радовиш

 

Прилепчани со едночасовни блокади на влезот во Прилеп (кај Лукоил) протестираа со цел да го свртат вниманието на Владата за, како што велат кражбата која им се случува со откупот на тутунот кој им го откупуваат по 50 до 80 денари за килограм, а голем дел им го враќаат назад поради наводна влага на тутунот. Тие очекуваат од Владата да превземе некакви мерки, и до 9ти јануари да им ги откупат целиот тутун, во спротивно најавуваат помасовни протести.

Земјоделците од струмичко и радовишко со едночасовна блокада на патот Струмица – Радовиш. Тврдат дека државата дозволува да се води потценувачка политика кон тутунарскиот труд. На откупните пунктови без пари им се заемал тутунот а државните инспектори молчеле.

Протест кој го организираше Сојзуот на синдикати на земјоделци го поддржаа и грагани. Тие бараат да се издвојат дополнителни 30 денари субвенции за предаден килограм тутун.

За време на протестот кај струмичко Добрашинци и радовишко Ињево, сообраќајот беше во прекин.

Доколку не се подобри ситуацијата со откупот на тутунот во земајта и државата не дододели дополнителни 30 денари земјоделците најавија протести и во Скопје.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.