Протест за спас на Кежаровски денеска во 11 часот
Целта на протестот е да се изрази револт по вчерашната одлука на Кривичниот совет на скопска единица, да му се продолжи притворот на новинарот за нови 30 дена. Кежаровски е во притвор во истражниот затвор во Скопје и веќе четврти ден штрајкува со глад. Иницијативниот одбор, бара новинарот да се брани од слобода или да му биде одредена мерката домашен притвор. Образложението на Судот зошто се одлучил за мерка притвор беше опасноста да не избега новинарот. Томислав Кежаровски беше уапсен кон крајот на мај, обвинет е дека пред 5 години објавил текст во кој според обвинителството го открил името на заштитен сведок во случај за платено убиство.
Извор Плусинфо