ПРОТЕСТ ЗА ПОДДРШКА НА ЛГБТИ ЗАЕДНИЦАТА ПРЕД ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО

На вратите на Обвинителството тие залепија и фотографии од инцидентот, а во знак на протест и незадоволство од тоа како Обвинителството ја води истрагата 15-тина минути го блокираа и влезот во зградата. Од невладиниот сектор најавија дека повеќе нема да даваат изјави за медиумите за овој проблем, а за сите прашања упатуваат одговори да се бараат од надлежните институции.

 

Од Јавното обвинителство засега велат не се во можност да даваат повеќе информации за инцидентот, затоа што во тек се истражни дејствија.

 

Инцидентот во Старата скопска чаршија се случи пред две недели кога група од 30тина насилници маскирани со качулки, ги нападнаа присутните во кафе-барот Дамар, каде се одбележуваше две-годишнина од отворањето на ЛГБТИ ценатрот за поддршка. Освен демолирање на локалот, двајца од присутните се здобија со потешки повреди, од кои една девојка заврши со шиена глава.  

извор: Утрински

Leave a Reply

Your email address will not be published.