Протест во Кисела Вода – Паркобраните во акција за спречување нови градби на Водно


– Власта немилосрдно продолжува со масовното уништување на зеленилото во Скопје. Лудилото продолжува, овој пат со уништувањето на белите дробови на Кисела Вода – вели активистот Александар Гочев.

Противниците на планираната измена на урбанистичкиот план велат дека е скандалозно што се прави обид да се протнат нови градби без јавни дебати и без да се чуе мислењето на граѓаните.

– По масовното уништување на зеленилото во општина Центар, Биљана Беличанец – Алексиќ и Трајче Донев по наредба на нивниот партиски шеф Никола Груевски продолжуваат со грубата узурпација на Скопје. Градоначалничката Беличанец на советнициите од општина Кисела Вода им предлага скандалозна програма за урбано планирање. Во програмата се предлага парк-шумата Водно која е во рамките на општината Кисела Вода да се урбанизира без претходно спроведена дебата и без мислењето на граѓаните. Сакаме да предупредиме дека со оваа урбанизација власта наместо да работи во служба на граѓаните, работи исклучиво за своите теснопартиски интереси – вели, претставникот на Паркобраните.

Leave a Reply

Your email address will not be published.