Протест против изградба на „Луково поле“

Протестот ќе почне на пладне, а собирно место е раскрсницата помеѓу Универзитетската библиотека и Т.Ц. „Мавровка“. Демонстрантите, според планот ќе се упатат кон Владата а потоа кон Собранието, каде јавно ќе го искажат своето големо „не“ против проектите кои ќе го уништат националниот парк, оти ќе бидат погубни за ендемските флора и фауна.

 

„Да бидеме единствени и да го продолжиме она што го започнаа нашите во дијаспората. Радика ве повикува на масовен протест во Скопје. Да покажеме дека Радика не е ниту на владата на Македонија ниту на ЕЛЕМ, туку Радика е на Реканците и ќе остане таква каква што е“, се вели во повикот за масовен протест.

Либертас

Leave a Reply

Your email address will not be published.