Протест на вработените од “Дрекселмаер”

Повеќе од стотина велешани вработени во фабрика на Дрекселмер во Кавадарци не отидоа на работа во вчерашната попладневна смена. Тие останаа во центарот на градот откако незадоволни поради автобускиот превоз решија да не отпатуваат на работа. Откако увиделе дека со еден автобус треба да патуваат поголем број вработени од максимумот на дозволени патници, тие сите се симнале од возилото.

Зар можеме со еден автобус кој собира 50, повеќе од стотина лица да одиме на работа. Немаше услови за патување и затоа одлучивме да останеме во Велес. Имаш проблем и во понеделникот вечер на работа, кога требаше да се вратиме, половина час чекавме автобус. Овој проблем се актуализираше откако на почетокот на месецов април, има зголемен број на вработени велешани кои патуваат до Кавадарци а остана истиот број на автобуси за превоз – велат вработените.

Тие се организираа и пишуваа петиција до раководството на фабриката од кое бараат проблемот да се реши, затоа што не било хумано на вакви временски услови да се вози по 30 минути во автобус кој е преполн со вработени. Откако чекаа повеќе до час да стигне најавениот автобус а тој не дојде, вработените си заминаа дома, не отидоа на работа.

Одговор од Дрекселмаер за овој проблем најавија за денес. Од Велес во Дрекселмаер работат повеќе до 600 велешани. 

Извор тирековмирече

Leave a Reply

Your email address will not be published.