ПРОПАСТ

ЗИМА – Снегот одеднаш, изненадно падна. Кога ниту владата не го очекуваше. Паднаа и температурите. Паѓаат луѓе по улиците. Само владата никако да падне. Целата држава е парализирана. Смрзнати и гладни луѓе умираат. Селата беа одсечени. Градовите блокирани. Автопатот во првите денови неисчистен. Градските улици непроодни. Училиштата се затворени. Централното греење. Граѓаните се во паника. Општ хаос. На секој чекор распаѓање, колапс на самиот систем. Воведено е вонредна состојба. Снегот не падна за да го завее брегот, туку да и ја покаже на владата нејзината неспособност, некомпетентност, нејзината неорганизираност. Можам да ги разберам луѓето дека се изненадени од ненадејниот снег и дека не можеле веднаш да се снајдат, но дека ги изненадило што тој паднал во Фревруари, е тоа е врвот на хипокризијата на оваа окупаторска власт.

Ладниот бран дојде од Сибир. Ова е прав сибирски снег. Сув и ситен. Го имам видено тој снег во Сибир. Видов како редовно го чистат и како сé одлично функционира. Улиците и патиштата исчистени. Поминував буквално помеѓу тунели од снег, високи и по десет метри. Во Сибир и на скандинавските земји сé си функционира.Никој не воведува вонредна состојба и децата редовно одат на училиште. Сибирскиот снег е лесен за чистење бидејќи е како прашина. Замислете што ќе се случи ако паднеше влажен снег кој веднаш се претвара во мраз. Замислете таков снег да паднеше на почетокот од зимата?!

Еднаш, многу одамна, кога бевме мали, снегот паѓаше во ноемврии и се топеше во април. Температурите исто беа поларни. Но, сé функционираше. Власта не воведуваше вонредна состојба. Патиштата редовно беа исчистени, градскиот превоз функционираше, во здраствените служби секогаш имаше дежурства, децата одеа на училиште и во градинка, работниците работеа во своите фабрики. Знам одевме без скафандери и водоотпорни чизми. Имвме некој пар летни чевли од нашите татковци и волнени чорапи.  

Постарите ми кажуваа дека татко ми и неговите браќа и сестри си играле боси во снегот. Единствениот пар чевли им бил оставен во старата куќа покрај огништето на топло, а тие трчале боси по снегот. Откако ќе се врателе на огнот ги грелее нивните црвени стапала. Мојата генерација не си играше боса по снегот. Социјализмот, на нас децата на работниците ни овозможи волнени чорапи и летни чевли од нашите татковци, кои беа идеални за лизгање.Скии правевме од пластичните гајби од пиво и минерална вода. На снегот си игравме додека не бевме на училиште. И немавме шалеви. Никој возрасен не не чуваше. Сами ги влечевме нашите санки и си игравме. Ги сушевме старите панталони и искинатите џемпери. Тоа беше нашата зимска опрема. Ние нé отсуствувавме од училиште. Тогаш беше срамота да не одиш на училиште. Не губевме часови. Не зборувавме за ладното. Учевме и бевме одлични ученици. Температурата ја симнувавме со ракија. Настинка или грло лечевме со облози од ракија, под дебели јоргани. Антибиотици пиевме баш кога навистина моравме и имаше потреба од нив.

Денеска сé е поинаку, се е поразлично. Цивилизацијата е сменета. Станавме разгалени. Сé ни смета. Најмногу времето. Сите боруваат за времето и кукаат. Мислам дека сите наликуваме како Шурда од серијата Топол ветер. Секоја промена на времето влијае на нашето расположение. Антибиотици користеме многу често, како да сме на дрога, како наркомани. Децата се расипуваат. Не се тие виновни. Не се виновни децата што не одат на училиште. Режимот така одлучи да не се оди во училиште не поради нив, туку лично од свој интерес, за себе.

Загрозен е енергетскиот систем и се штеди таму каде што не смее. Еден средношколец вели – ако се штеди, тогаш зошто не се исклучат фабриките? Тој е млад и не знае дека со приватизацијата фабриките се одамна исклучени. Неодењето на училиште поради големиот студ во зима има поголеми последици од затварањето на фабриките. Кога се затвара фабрика, материјалната загуба веднаш доаѓа на виделина. Кога децата не одат на училиште поради студот во зима, тогаш материјалното губење не е на виделина, ти се чини дека државата толку многу штеди, дури и добива, но нематеријалните ефекти за образување на децата се деструктивни за самото општество. Помладата генерација ги губи работните навики, не е спремна за тешкиот живот што ги очекува, која не знае од ништо да се одрекне, да се откаже, која незнае да трпи и која што посакува се и тоа веднаш во истиот момент. Тоа е резултат на неолибералната потрошувачка идеологија.Ги презедовме нејзините најлоши карактеристики. Мислам дека тоа ќе биде погубно за многу млади гнерации, ќе биде предизвик во новата ера, во која веќе влеговме.

Времето на размазнетост помина.Кризата носи нова ера во која ќе биде тешко да се живее, па дури и потешко да се одбранат слободата и личното достоинство. Јас би сакал да грешам, но за жал, досега три децении назад стратешки никаде не сум погрешил. Во времето на социјализмот, кога тогашната влада донесе одлука децата од средните училишта по нивното завршување да одат веднаш во војска, јас тврдев дека тоа е програмирано и дека ќе дојде до распаѓање на земјата, државата. Требаше да се уништи армијата за да се уништи државата. Сега нам ни ги уништуваат децата за да можат целосно да не поробат. Што да правиме? Ако го разбирате ова што го пишувам, ако сте загрижени за судбината на вашите деца, значи вас ве интересира што да правите? Како да си помогнеме себе си и на нашите деца? Јас ви препорачувам да им се посветете целосно на вашите деца, вие сами да ги воспитувате, да разговарате со нив и да ги воведете во реалниот свет. Изгасете им ги телевизорите и научете ги да читаат книги. Научете ги да размислуваат, да судат и да ги искажат своите ставови. Помогнете им да бидат дисциплинирани, да станат одговорни, да стекнат работна навика и да научат да бидат трпеливи и претпазливи. Научете ги да не оговараат и да не зборуваат глупости да ги следат временските услови. Научете ги да уживаат во животот и времето. Најдобар рецепт против приказните за времето, рецепт кој е универзален за сите возрасти е – не обрнувајте внимание!

 

Превод: Надица Василева 

Leave a Reply

Your email address will not be published.