(ФОТО) Пропаганден политички материјал осамна во поштенските сандачиња на жителите во Кавадарци
Прекршување на предизборниот молк, делење на пропаганден материја во поштенските сандачиња и огромни рекламни паноа во непосредна близина на избирачките места. Ова се само дел од неправилностите кои се случија денеска на самиот ден на изборите во кои по неколку основи се прекршува изборниот законик за демократско спроведување на изборниот процес од страна на некои политички партии.
Во близина на избирачкото место број 0679 во Општина Кавадарци кое се во Заводот за Вработување, на едвај 40-тина метри од самото избирачко место се наоѓа огромно рекламното пано на една политичка партија.
Во влезовите од неколку згради утринава осамна пропаганден материја во поштенските сандачиња на тамошните станари.