Скандал: Пронајдени списоци за вработувања на ОК на ВМРО-ДПМНЕ за општина Центар

Во јавноста веќе излегуваат записници до кадровата комисија на ВМРО-ДПМНЕ со препораки кој требал да биде вработен во општина Центар, потпишано од поранешните први луѓе на Општинскиот комитет.
Во известувањето на тогашниот потпретседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Центар до Кадровата служба на ВМРО ДПМНЕ стои дека Маргарита Бакев е активен член на ВМРО-ДПМНЕ и дала свој придонес во сите активности и избори на партијата и дека е адекватна личност за работно место во Министерството за труд и социјална политика.

Бакев подоцна беше именувана за раководител на правен сектор во ПОЦ, а веднаш потоа и за прв човек на единственото јавно претпријатие во општината, Паркинзи Центар.
Месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ предлагале кои лица според партиски заслуги треба да бидат вработени во УЈП, како референти, соработници и советници. По препорака на партијата лица кои работеле како портпароли и референти во Клиничкиот центар добивале редовно вработување. Биле вработувани и лица во Фондот за здравствено осигурување, како просветни инспектори во општина Центар, овластени инспектори во општина Центар, комунални инспектори, инженери во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, во Агенција за финансиска подршка во земјоделство и рурален развој, во Царинска управа.

Во документите до кои дојдовме, се препорачува и кои лица требале и положиле државен испит на конкурсот во општина Центар.
На сите стојат печати и потписи на тогашниот потпретседател и претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Центар и на предлагачите од Месните комитети.

Видна беше нервозата кај советниците на ВМРО-ДПМНЕ кога Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, во вторникот, на седницата за советнички прашања извади документи и оригинални записници од седници на ОК ВМРО-ДПМНЕ Центар, на кои пишува на кој начин е подготвуван протестот пред општината. Со ова се виде дека не Веритас, која и не е регистрирана, туку ВМРО-ДПМНЕ ги организираше протестите кога беше демолирана општината и во опасност беа доведени сигурноста на градоначалникот, советниците , медиумите и администрацијата. Оние кои протестираа најмалку беа од Центар, и беа измамени дека наводно треба да ја бранат црквата и верата.

Како што изјави Андреј Жерновски, во ВМРО-ДПМНЕ не биле многу засекирани за што се работи туку го барале кртот. Според градоначалникот на Центар документите, за кои вели дека се оригинални, се од партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа се луге кои не се согласуваат со овој начин на работење. 

Извор и фото CENTARNEWS

{facebookpopup}

Leave a Reply

Your email address will not be published.