Промоција на „ПРИРАЧНИК ЗА АКТИВНО ГРАЃАНСТВО” и дебата

ФОРУМ – Центар за стратешки истражувања и документација (Форум – ЦСИД) во соработка со Фондацијата Отворено oпштество – Македонија (ФООМ) ќе одржат промоција на „Прирачник за активно граѓанство“ и дебата на 29 септември 2015 (вторник), со почеток во 12 часот, во хотелот „Холидеј Ин“, Скопје (сала Милениум 2).

На настанот ќе бидат презентирани анализи поврзани со местото и улогата на граѓанскиот активизам во Македонија, направени од неколку истакнати истражувачи и граѓански активисти, кои сочинуваат дел од големиот број предавачи на Школата за активно граѓанство, која ја организира и спроведува Форум – ЦСИД во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество.

Школата за активно граѓанство се организира за млади, претставници на граѓански организации и неформални групи, со цел да им обезбеди неопходно знаење и вештини за реализирање граѓански иницијативи.

Настанот ќе го отвори Слаѓан Пенев од Форум – ЦСИД, а свои презентации на анализите на граѓанскиот активизам ќе имаат Мирјана Најчевска, Жарко Трајаноски, Владо Апостолов и Џелал Хоџиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.