Промоција на младо вино во СОЗШУ “Ѓорче Петров” Кавадарци
Младите чија насока е стручното земјоделство имаат потенцијал во подготвување на младо вино. Вака професорот Горан Керов ги оценува учениците и нагласи дека постојано го следи нивното усовршување.
Керов исто така даде и висока оценка за младите вина кои беа промовирани и истакна дека е видно изненаден од големата заинтересираност на учениците за обавување на практична настава.