Промоцијата на детските права на градскиот плоштад во Кавадарци во организација на СППМД

Овој проект го реализира коалицијата на младински организациии “СЕГА” а е со подршка на детската фондација “Песталоци”. Промоцијата на детските права, толеранција меѓу младите и интеркултурната комуникација се само дел од целите на овој проект.

Драмската екипа на СППМД (совет за превентива против малолетничка деликвенција) беше задолжен за актерската точка додека за музичките настапи се погрижија Маги Лазаровска, Тијана Димова и Ѓоа Бенд.

Цветанка Камчева, ментор на младите волонтери од СППМД со свои зборови ја отсликува комплетната манифестација:

Денешниот настан е во рамките од проектот за промоција на детските права и интеркултурната комуникација со што продолжува спроведувањето на проектот кој започна во месец јули во соработка со детската фондација “Песталоци” и коалицијата на млади организации “СЕГА” од Прилеп. Денешниот хепенинг има за цел да младите волонтери од СППМД ги презентираат детските права на своите врсници. Во склоп на настанот имаме и музички точки како и драмски активности.

СППМД се приклучи и кон акцијата “Недела на фудбалски луѓе”, денови на фудбалот кои се обележуваат ширум светот. Акцијата е борба против дискриминацијата и прославување на различностите преку игра.

Leave a Reply

Your email address will not be published.