Артефакт рекордс го презентира „Light At The End” деби албумот на македонскиот продуцент Горан Тек (Goran Tech)

Артефакт рекордс како издавачка куќа во своето четиригодишно постоење има издадено над четириесет изданија, соработувано со над педесет продуценти од регионот и светот, а воедно најголемиот број продуценти од Македонија кои нешто значат на електронскат сцена имаат соработувано со нивната етикета во улога на артисти или ремиксери.

Горан Тек дел од поновата гарда македонски продуценти кои се на сцената последните десет години, започнува со издавање на електронска музика во 2008 година, и тоа за неколку странски етикети како и неколку изданија за нашата етикета.

Горан започнува со диџејство во 2004 година и тоа во локалните клубови во родниот град Битола. Потоа почнува со настапи низ Македонија како и во неколку клубови и фестивали низ Балканот. Во тој период неговиот стил се надградува и се повеќе станува препознатлив по длабокиот тек звук наменет за подиумот.

Неговата артистичка кариера стартува 2008 година и до денес има повеќе од 50 траки издадени за различни етикети како Балкан Конекшн, Токио Ред, Ексел (Македонија), Тенор, Сити Лајф, Персепшн и неколку изданија за со етикета на Артефакт рекордс, како и за етикетата Вок анд Ток рекордс која е во негова сопственост стартувана во 2013 година.

Неговиот деби албум „Light At The End” се состои од дванаесет траки, кои изобилуваат со меки мелодии, јаки бас линии, акорди и звуци кои се еднакво добри за слушање и уживање во интимноста на вашиот дом, или автомобил, како и за незаборавни журки во доцните вечерни или раните утрински часови на подиумот во вашата омилена дискотека.

На овој линк може да слушнете дел од перформансите на Горан.

Leave a Reply

Your email address will not be published.