Промени во свето кој се менува

Земјината кора цврста и стабилна под нашите нозе, лежи на подземни океани од течна магма, која е во непрестано движење.
Луѓето се удружуваат и се поделуваат, клетките се обновуваат и делат, империите се воздигаат и пропаѓаат.

Ништо во нашето окружување не стои во место, од момент во момент се се менува.

Од својот постанок, маси луѓесе движат во сите правци, и се судруваат, се борат, се мешаат; разменуваат знаења, добра, удари, мислења и гени.

Оштествените уредувања се менуваат, религиите доаѓаат и си заминуваат, знаењето заостанува и се шири. Моќта преминува од еден крај на светот до друг, од една институција и рака во друга. Отпорот кон моќта ја храни силата а силата го потиснува отпорот, се раѓаат револуции, владетели се издигнуваат и паѓаат, идеологии се восвишуваат и пропаѓаат. Епохите се сменуваат, и се што е старо и истрошено му отстапува место на свежото и новото.

На неизвесното патување на нашиот свет низ виолентниот космос и нашето постоење низ турбулентната историја, единствена извесност се промените. 

Зошто тогаш толку им се спротивставуваме?

Зошто се стегаме, повлекуваме, браниме и затвораме во оклоп при нивното спомнување? Зошто толку се плашиме од новото и непознатото, зошто грчевито се држиме за магливата илузија на сигурноста, како да не постои ништо надвор од неа?

Можеби затоа што мозоците од мали ни се моделираат во траки за механичко повторување на снимениот материјал. Можеби затоа што во текот на растењето тој образец суптилно се пренесува од школските на животните лекции. Можеби затоа што во зрелите години наместо разум и способност за критичко размислување, во главата имаме и блокови излиени во калап со зацементирани убедувања, кои ги нарекуваме мислење. 

Убедувања кои се непријателски за се што е ново, поинакво и надвор од шаблонот, во кој секоја можност за промени е дочекувана на нож и сецкана на парчиња. Според нив се што е непознато е опасно, поинаквото е заканувачки, а промените не загрозуваат; според нив, се што се разликува од вообичаеното и познатото, носи ѓаволски знак.

Како водата која капе врз тврдата стена и ја менува со својата упорна мекост, промените предизвикуваат ерозија на бетонското ткиво. Со доволно време и простор, ќе го претворат во прав. Затоа инфилтрираните шпиони во нашите глави се спротивставуваат на промените силно и догматично, затоа бесно потсвиркуваат и не трујат со страв.

Промените ќе го прошират оквирот на нашите сфаќања, ќе не отворат за ново, ќе не поттикнат да се завиваме. Ќе не натераат да бараме нови патишта, да стекнуваме нови искуства, да размислуваме со ниши мисли; да прифатиме нови луѓе, да слушнеме нови идеи, да се движиме по несекојдневни рути, да се изгубиме и повторно да се најдеме.

Кога ќе се отвориме за новото и ќе ги прифатиме промените, свежината ќе струи низ нашите умови, а заледените мисли ќе станат вода која слободно тече.

Излегувањето од сигурносната трака на познати искуства не оттргнува кој неистражени и возбудливи предели на нови потенцијали и можности. Надвор од владеачкиот поредок, актуелен и ексклузивен, скриени се илјада мали работи, кои капка по капка можат да ја придвижат реката која пробива бетон.

Дури и кога се болни и кога поради нив губиме, промените ги поместуваат границите на нашето битие.

Сепак, секое време има свои претставници кои грчевито се држат до стариот поредок и се нафрлаат на се што е ново, повикувајќи се на “минатото време”, во кое се било подобро. Површниот поглед во историјата покажува дека тоа е заблуда. Како би можело да биде подобро во времиња на апсолутистичка власт, деспотизам на повластените, сталешка предодреденост, суеверие, зарази, глад, незнаење и голи сили? Во времињата на владеење на догмите, присилата, диктаторит и насилното едноумие. 

Се она што денес не е во ред во светот, а има многу, илузорните идеали на бајковидното минато можат да го поправат како што чеканот би можел да го поправи дефектот на ЦЕРН-овиот акцелератор.

Промените се ризични, но илузијата за непроменливосте многу поризична

Наследството ни зборува од каде доаѓаме и каде никогаш сме биле. Тоа стои како сеќавање на добрите и лошите избори и не учи да не ги повторуваме грешките од минатото. Ни помага да видиме колкав пат сме поминале, колку сме се подобриле и развиле. Или колку не сме.

Наследството не доведе до денешницата, но тоа само не може да не одведе во иднината.

Доживотната работа, спремните одговори на сите прашања, работниот век на автоматскиот пилот, големиот родител кој мисли наместо тебе, обезбедената егзистенција ако се игра по правилата и петгодишните работни планови, се експонати на минатото време. Вчера гарантираа опстанок и економска стабилност, денес се старо железо.

Вредностите и девалвациите на минати времиња носат драгоцени лекции, но не можат да дадат решенија за предизвиците и проблемите на современото доба. Тоа можат само новите вредности. Вредностите кои се избрани со критичко размислување, кои се промислени, изанализирани и преиспитани.

Патот по кој животот трча во иднината е крив, неасфалтиран и со лоша видливост. Иднината нема рикверц, иднината нема кочници. Се секоја своја мисла, секоја своја постапка, избираме дали да идеме напред, или само тапкаме во место.

Дали ќе останеме духови на минатото, или ќе станеме дел од иднината.

Иднината до која води непречен ум и слободен дух.

Од квантниот свет кој го сочинуваат сите материи, до звездените јата, се се движи, се вибрира. Земјата незапирливо трча низ Млечниот пат со својата соларна заедница; Млечниот пат се свиткува и брза низ мрачната вселена, во која сите галаксии, сите дупки и маглини – се оди никаде и станува нешто друго.

А единствено што ние стануваме – ако не ги прифатиме промените – е минато.

 

 

 

Извор: akuzativ.com

Превод: Попова 

Leave a Reply

Your email address will not be published.