Oбјавена стихозбирката „Промена на времето“ од Миљенко Јерговиќ

Јерговиќ пошироката читателска публика го познава како првокласен прозаист, автор на дваесетина книги проза. За своите романи и раскази е добитник на сите позначајни награди во Хрватска, а и во повеќе европски земји. Книгите му се преведени на дваесетина јазици.

„Промена на времето“ е избор на 77 песни од поетскиот опус на Јерговиќ, што за македонските читатели го приреди Ристо Лазаров, кој е автор и на препевите и на поговорот кон изданието.

Овој избор ја потврдува раскошната поетска дарба на Јерговиќ и уверливо сведочи дека поезијата на овој автор неправедно е во сенка на неговото прозно творештво.

Извор А1ОН

Leave a Reply

Your email address will not be published.