Проклетството на работничката класа

“После се”, се чита меѓу редови, “гласно викаме за крваво убиство кога некој ќе ги допре даночните скривалишта; ако некој се доближи до мојот извор на храна сигурно би ги запалил банките и би го срушил парламентот. Што не е во ред со овие луѓе?”

Тоа е добро прашање. Човек би помислил дека владата која им нанесе толку страдање на оние кои имаат најмалку средства да се спротивстават, без реформирање на економијата, би ризикувала да изврши политичко самоубиство. Наместо тоа, основната логика на мерките за штедење е прифатена на скоро сите нивоа. Зошто? Зошто политичарите кои најавуваат продолжување на страдањето од работничката класа добиваат било каква подршка, дури и постојано одобрување?

Мислам дека недовербата со која го започнав текстот дава делимичен одговор. Припадниците на работничката класа можат да бидат, како што постојано не потсетуваат, помалку внимателни за прашањата поврзани со правата и сопственоста за разлика од припадниците на повисоката класа, но тие се исто така и помалку опседнати со себе. Посветени се на своите пријатели, семејството и заедницата. Суштински се попристојни.

Ова до одредена мера влијае на универзалниот социолошки закон. Феминистките одамна укажале на тоа дека оние кои се на дното на скалата на социјална нееднаквост повеќе размислуваат и се грижат за оние кои се на врвот, отколку спротивното. Жените насекаде имаат тенденција да мислат и знаат повеќе за животот на мажите отколку мажите за нив, како што црнците знаат повеќе за белците, вработените за сопствениците, сиромашните за богатите.

За луѓето, емпатични какви што се, знаењето води кон сочувствителност. Богатите и моќните, во меѓувреме, можат да останат невнимателни затоа што тоа себе можат да си го дозволат. Голем број психолошки истражувања тоа го потврдуваат. Родените во работнички семејства добиваат многу подобри резултати на тстовите за мерење на препознавањето на чувствата на другите луѓе отколку потомците на богатите или припадниците на менаџерската класа. На некој начин, тоа не е претерано големо изненадување. На крај, да се биде ‘моќен’ главно значи да не се обрнува многу внимание на мислењата и чувствата на оние околу вас. Моќните вработуваат други тоа да го работат за нив.

Кого вработуваат? Главно деца од работнички семејства. Овде верувам дека не заслепила опседнатоста (би се осудил да кажам и романтизацијата) на фабричката работа како наша парадигма за ‘вистинска работа’, дека сме заборавиле од што всушност се состои човековата работа.

Дури и во времето на Карл Маркс и Чарлс Дикенс, во работничките населби живееле многу повеќе чистачки, проститутки и улични продавачи отколку вработени во рудниците, фабриките за текстил или железарите. Така е и денес. Она што го сметаме за архетип на женската работа – грижата за луѓето, објаснувањето, уверувањето, сфаќањето што сака шефот или за што размсислува, да не је споменувам и грижата и надзорот на билките, животните, машините и останатото, е пропорционално многу повеќе работа од онаа што работничката класа ја работи со чекани, резбарење, дигалки или алатки за жетва.

Ова е точно не само затоа што најголемиот број припадници на работничката класа се од женски род (со оглед на тоа дека жените се мнозинство во севкупната популација), туку у поради тоа што имаме искривен поглед дури и на работите кои ги извршуваат мажите. Како што недоамна работниците во лондонското метро во штрајкот им објаснија на изненадените патници, контролорите на билетите не поминуваат најголем дел од времето земајќи билети; најмногу време тие трошат на објаснување и поправање на работите, наоѓање на изгубени деца и грижа за старите, болни и збунети.

Ако малку размислиме, зар ова не е суштинскиот живот? Човековите битија се производи на меѓусебни креации. Најголем дел од работите ги работиме едни околу други. Работничката класа во сето тоа има диспропорционален дел. Тие се класа која се грижи, и секогаш тоа биле. Само постојаното демонизирање насочено кон сиромашните од страна на оние кои имаат корист од нивното гриѓливо работњење ни отежнува во јавните расправи како оваа, тоа да го сфатиме. 

Како дете од работничко семејство можам да сведочам за што точно сме горди. Учени сме дека работата е добра карактеристика, дека го обликува карактерот но никој во тоа не веруваше. Најголем дел од нас сметаше дека работата треба да се избегнува, освен ако не носи корист за другите. Но со работа, без разлика дали станува збор за градење мостови или грижа за болните, може да бидете горди. И постои уште една работа на која сме многу горди: ние сме луѓе кои се грижат едни за други. Тоа не одвојува од богатите кои, колку што успеавме да сфатиме, едвај успеваат да се грижат за своите деца. 

Постои причина зошто главна карактеристика на богатите е штедењето, а на работничката класа солидарноста. Сепак, баш ова е конецот на кој моментално е обесена оваа клаа. Некогаш грижата за заедницата значела борба за работничката класа. Во тие времиња зборувавме за ‘општествен напредок’. Денес ги гледаме ефектите на неуморната војна против било каква идеа за политика на работничката класа или нивната заедница. Таквиот однос не им остави на најголем дел од работните луѓе многу простор да покажат дека се грижат освен што ги насочи кон некои апстракти како што се ‘нацијата’ или ‘нашите внуци’; било тоа да се прави преку патриотизмот или апелите за колективна жртва.

Резултатот е дека се се претвори во спортивност. Годините политичка манипулација конечно го претворија чувството на солидарност во чудовиште. Нашата грижа е свртена против нас. И така ќе остане додека левицата, која тврди дека зборува во име на работниците, не започне детално и на долги рокови да размислува од што работата всушност се состои и што оние кои учествуваат во неа мислат дека во сето тоа е чесно.

 

 

 

Извор: The Guardian

Превод: Попова

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.