Професионалниот спорт и национализмот

Кога во мечот на Купот на УЕФА противв Широки Брег во Базел влгував во игра во второто полувреме, неколку илјади луѓе навивачи на гостинската екипа викаше “Убиј го, убиј го Србинот!”. Беше по малку чудно да се доживее тоа на стадион на кој поминав девет години и кој со цело срце го сметав за свој. После натрпеварот, толпа новинари, меѓу кои и пар “наши”, бараа од мене да го прокоментирам тој детал. Беше премногу лесно и ни малку витешки да се рече дека се тоа хрватски екстремисти кои, ете, по кој знае кој пат го покажуваат својот вистински карактер. Наместо традиционалниот балкански рефлекс, кој денес е медиумски сеприсутен, реков дека се тоа исто мои, во овој случај не толку поради тоа што пораснав во југословенски дух, туку поради тоа што не сакав на никој “надвор” да му дадам повод за приказна поврзана со балканските племиња и варварите кои имаат традиционален шовинистички однос едни према други.


Кога како дете сонуваш за ограње во националниот тим, со чиста душа и наивен детски патриозтизам не можеш да претпоставиш како сето тоа изгледа навистина. Не се сомневаш дека спортот се храни со најрпиземјениот национализам, и дека стадионите и арените се претвораат во фабрики за шовинизам, насилство и омраза. Додека играв, бев во приказна во која спортскиот патриотизам се одентификуваше со националниот популизам и православието, кои мене повеќе ми личеа на пагански ритуали. Бев сведок на трагикомични изведувања на невротичен квазипатриотизам и верност, бакнување крстови пред излегување на терен, константно крстење, молитви за победа и погледи во небо, салутирање со препознатливи националистички поздрави, како на самиот терен така и меѓу играчите па и на трибините. Во такви ситуации станува забележително дека играчите се однесуваат додворувачки и популистички, главно сакајќи да втемелат опсесивен страв и да не бидат прогласени за непатриоти.


Пред заминувањето на Светското првеснство во Јужна Африка, српската репрезентација го посети храмот на Света Сава во Белград. Полека се втемелува обичај многу тимови пред почетокот на сезоната или пред заминувањето на големо натпреварување да бараат наклоност од Бога на патот кон успехот, што не е карактеристично само за балканското поднебје, туку на сите места каде религијата има народен карактер и е битен елемент од националната свест. Селекторот на хрватската репрезентација пред натрпеварот со Србија се моли за сила во престојниот натпревар и својата молитва на поставува на социјалните мрежи, веројатно да би го докажал својот патриотизам. Свештенството не сака да проговори за тој тип на богохулије и “користење на името Господово залудно”, и се додека добива симпатии од широката популација која се држи далеку од прогресивните идеи, ќе им бидат простени смртните гревови и посегнувањето по “лажни идоли”.


Евангелизацијата на спортските манифестации, како што тоа католичкиот клер го поттикна неодамна во Полска, и кокетирање на свештенството со спортот, пред се е врвно богохулие, бидејќи спортот како таков е всушност фетишизација на успехот, медалите и пехарите, каде доминираат пагански ритуали и идолопоклонство. Меѓутоа, покрај криминалците и новопечените бизнисмени, спортистите се најголеми ктитори на црквата и поради тоа организираниот систем на индулгенија, е застапен повеќе отколку во средниот век. Религиското лицемерие помешано со празноверието, суеверието и невротични квазиверски ритуали сретнував кај своите колеги од сите можни религии, без разлика на земјата во која играв.


Национализмот скоро по правило е во природна симбиоза со црквата и тоа во транзиционите процеси станува столн на создавање на реакционарна општествена клима и политика. Тоа не е феномен воочлив само внатре во верските заедници на просторот на бивша Југославија, туку глобално – свештените лица станаа политички комесари на десницата и најназадниот конзерватизам. Како што се спортистите и навивачите приврзани кон банализираното искуство национализмот, на ист начин се блиски кон народната религиозност и биготерија, каде демонстрираат непознавање на најосновниот катехизам, додека мене сето тоа ми беше потврда на претходната интуиција дека е подлабока верата на атеистот отколку снобовскиот верник.


Инфламаторскиот менталитет е неретко следен од чувствителни масовни случувања, а овде е тој засилен со медиумите, навивачите, па и плоитичарите кои секогаш се блиски на тој вид патетика, додека ирационалниот патриотизам последните децении се покажа како трагична нишка на политиката меѓу југословенските народи. Иако тие работи, за жал, станаа вообичаени и со текот на времето, што е уште потрагично, се создава одреден имунитет према нив, најмногу ме потресе колективното безумие на навивачите на натрпеварот Србија и Црна Гора против Босна, во Белград. Тогаш голем дел од навивачите на стадионот извикуваа ноторна парола “Нож, жица, Сребреница”, нешто на кое во тие размери се уште не бев седок. Овој тип фашизам се чувствува, за жал, на голем дел од спортските натпревари, особено кога настапуваат репрезентации и тимови од бившите земји.


Врз основа на искуството со играчите од бивша Југославија, сфатив дека клерикализацијата и подржувањето на спортот не се само српски феномен. Хрватските спортисти дури и во поглем обем од српските го применуваат клеронационализмот. Добар дел од нив се декларираа со десницата HDZ, за која станаа најобични политички рекламни фигури. Тоа се случува кога ќе се создаде таква клима каде не може да се биде патриот ако не си за изразено националистичка програма и идеологија, така што акламацијата на хрватските фудбалери и ракометари кон десницата на крај изгледа како природен чин. Во Хрватска неминовен дел од колективната спортска иконографија и еуфорија е фамозниот Марко Перковиќ томпсон со своите неофашистички настапи, кои ги надополнуваат самите навивачи на трибините со фашистички поздрави. Она што притоа е непристоен преседан во регионот е дека ова однесување не само што е толерирано од фудбалскиот врв и селекторот, туку е и директно поттикнато од нивна страна.

 

ПРОФЕСИОНАЛНИОТ СПОРТ КАКО ОГЛЕДАЛО НА АНОМАЛИИТЕ НА ОПШТЕСТВОТО

Во транзициско, послевоено и постсоцијалистичко општество спорот станува институција која акумулира фрустрации и репродуцира национализам, шовинизам и нетрпеливост и како таков е идеален инструмент за држење на незадоволната младина далеку од зградите на министерствата, фабричките хали и студентските домови. Спортот е тука заедно со сите други облици на колективитет и масовни случувања во кои се поотуѓениот граѓанин добива сила во колективното восхитување. Со тоа стадионите и арените се претвораат во инкубатори на национализам и шовинизам, а потомците на осиромашената работничка и средна класа во лумпенпролетаријат. Клубската, регионалистичка, националистичка свест е лажна свест, која го спречува развојот на автентична класна свест. Националното или клубското знаме се заменува со знаме и пароли за општествена правда, а факелот се заменува со молотови коктели.


Спортот како таков во себе веќе носи натпреварувачка нота на бруталност и гладијаторство; која развива облик на воена свест. Тука е важно да се каже, неповрзано само со специфичниот балкански простор, дека спортот како масовен феномен нема само инструментален карактер во политичка смисла, туку има и педагошка улога бидејќи репродуцира дарвинистички модел на однесување кој треба да се неутрализира и изгледа како природен. Во таа смисла неверојатен е некритичкиот однос спрема професионалниот псорт како секуларна религија на нашето време, кој често перпетуира и ги зацврстува сите аномалии на кои е изградено капиталистичкото општество.


Покрај тоа, професионалниот спорт денес од самиот спортист создава телесно и духовно осакатена личност и тоа не ми е очигледно само мене како на некој кој добар дел од животот го поминал во професионалниот спорт, туку и на самата јавност при секој јавен настап на младите спортисти, што веќе доби деловен статус. Меѓутоа, наместо искрено и критички да се замислат поради што спортистите во голем дел стануваат самозадоволни, некултивирани и нарцисоидни и арогантни шминкери, јавноста и општеството од една страна избираат лицемерно згрозување или од друга страна обична исмевање и ругање. Се избегнува соочувањето со фактот дека само општеството создава одредени слоеви кои растат во специфични услови, така да спортистите, како и навивачите, се производ на аномалиите на општеството како такво, додека спортот и навивањето се пробува да се инструментализираат за нивно одвраќање од борбата за праведен свет. Поради тоа е важно спортот да го придобие вниманието на младите луѓе и нивни јунаци да бидат Давор Шукер и Синиша Михајловиќ, а не Раде Кончар и Иво Лола Рибар.


Национализмот, политиката и спортот не се поврзани на специфичен начин само на баканските простори, туку пикантериите од типот кои играчи не пеат на химните или што скандираат навивачите се воочливи во сите земји кои се пред предизвиците на национализмот, идентитетот, интеграцијата, ксенофобијата, мултикултуралноста. Ова е забележано во земјите со голем број имигранти, како што се Германија, Франција, Шведска, ии во нив многу често доаѓа до политизација која добива своја медиумска динамика и наизглед таблоидски вкус, а тие прашања се, според својата природа, многу опасни за општеството. Не мора да ги земаме регионалните непријателства поттикнати од спортот како пример, да речеме она во Мостар помеѓу Хрватите и Бошњаците, доволно е да се погледне колку натпреварите во Англија и германија со себе носат изразени националистички тензии, за да ни стане јасно зошто спортот често се перцепира како продолжение на војната со други средства. Дури и ако не се анализира структурално, туку само феноменолошки, професионалниот спорт, се повеќе е сведен на својот дарвинистички аспект а на штета на естетскиот и етичкиот, скоро секогаш носи печат на она военото.


Спортистот подлегна на притисокот на јавноста и станува воочливо како се труди во секој јавен настап да го докаже својот патриотизам. Доминантната квазипатриотска јавност успеа да го убеди дека не може да биде вистински родољуб доколу не е јасен во својот национализам и цврстата посветеност кон татковината, така што тој често и во својот матичен клуб, во секоја поволна прилика, ги истакнува националните симболи и иконографија. Спортистот го заборава своето класно потекло – ако воопшто некогаш и бил во доволна мера свесен за него. Имено, голем дел од спортистите се родени во пониските слоеви и сиромаштија, во чиј свет веќе на почетокот продира национализмот и верата како идеологии кои имаат задача да ја неутрализираат неговата општествена положба, која од почетокот им излгеда субинска т.е. “дадена од Бога”. Тоа може да се забележи и кај јужноамериканските фудбалери кои најголем дел потекнуваат од најсиромашните места, кај темнокожите Африканци од прашинавите провинциски села, кај Афроамериканците во американските гета или кај децата на доселеници од сиромашните предградија на европските метрополи.


Тешко е да се остане релаксиран во својот идентитет и достоинство после се што југословенските народи поминаа или пред глобално – политичките предизвици на кои се изложени. Меѓутоа, многу е тенка границата меѓу наизглед бенигниот национализам и радикалната ксенофобија, омраза и нетрпеливост. Кога европската јавност реагира на расистичките, фашистичките и нацистичките испади на навивачите, тогаш стануваме загрижени за имиџот на земјата која тежи кон демократски вредности и прокламиран антифашизам. Меѓутоа, многу повеќе од потребата да изгледаме цивилизирано во очите на светот, треба да бидеме загрижени поради суптилниата и постепена фашизација на општеството, која во одредени политички прилики прераснува во политичко движење и програма на што, како што може да се види во последно време, не се имуни ни најнапредните европски земји. Во тој случај стадионите неретко стануваат места за инсценација, собирање и организирање фашизоидни групи, а посредни и места за друштвена нормализација на таквите тенденции.


Пролетаризацијата на младите најјасно се согледува во кафанскиот и фолклорниот национализам, кој понатаму се практикува на спортските и колективните манифестации од тој тип. Стадионите и арените така стануваат места каде се акумулира незадоволството на младите, кои заедно со своите родители е најголемот “губитник на транзицијата”. Баш поради тоа, во транзициски поредок, подобро речено хаосот на дивиот капитализам, спортот како институција неретко добива многу специфична и проблематична улога. Енергијата која треба да донесе промена и застане против транзициската неправда, наместо да стане свесна за себе како класа, се претвора во ирационална стихија која се води од лажни идоли на клубот и нацијата. Од друга страна, успесите на спортистите и националната нетрпеливост нудат само моментално задоволство и чувство на вратено достоинство, изгубено во катастрофите и понижувањата на војната и сиромаштијата. Народниот популизам поради тоа е секогаш близок со спортот во кој владее ирационалност и тука јасно се гледа истородноста на политиката и спортот, каде не доаѓа само до политизација на спортот, туку и спортизација на политиката – тие конвергираат во слогани како “Forza Italia” и слични, додека самите политичари се служат со навивачка реторика и навивачки тон.

 

СПОРТИСТ: ПРОТИВРЕЧЕН ИДОЛ


Треба да се разбере дека спортистите, особено фудбалерите, се наоѓаат во еден свет во кој доминираат криминалци и лихвари од менаџерските структури, корумпирани лидери на спортски организации и политичари од разни профили, кои сите заедно ја експлоатираат неговата популарност, сметајќи пред се на неговата незрелост. Нив никој не ги гледа во таа смисла како жртви, напротив, доминантната малограѓанска јавност им завидува и во секоја прилика гледа да ги омаловажи. Парадоксално, од друга страна тие се инаугурирани во идоли кои треба да бидат пример, и тоа е доминантно мислење во светот, бидејќи спортот како последно засолниште на моралот и фер играта тежи да ја задржи аурата на чистота и невиност. Меѓутоа, до сега никој не успеал да онјасни како некој во своите двесети, без образование и изградени вредносни ориентири, може да биде пример, да биде свесен за општеството во кое живее и за своите вистински функции во него. Тој е пример, но во една друга смисла, во смисла на идол кој треба да сугерира дека да се биде успешен и популарен е најголемото животно достигнување, а за тоа е пожелно да се биде брутален и бескомпромисен натпреварувач. Поради тоа спортистот е корисна фигура за капиталистичкиот систем и социјалдарвинизмот кој ги наградува оние кои безкомпромисно се искачуваат на самиот врв.


Национализмот има неверојатна способност на регенерација и него десницата го користи за среднорочни и краткорочни дневнополитички цели. Во недостаток на колективни настани во кои има можност да учествува целата нација, спортот станува скоро единственото поле на примена на национализмот во својот вулгарен облик. Тој како таков станува пресуден за константно освежување на националната свест. Без иконографија, пароли, песни, знамиња, обичниот чивек во секојдневното искуство не знае повеќе да практикува патриотизам и љубов према татковината. Колективниот восхит, особено кога има победа или успех, станува компензација за сите понижувања и пиканирања кои се доживуваат на работното место и во секојдневието, и во таа смисла исто така има катаризично дејство, што е неофројдијанска теза која не е надмината.


Клубската свест, регионализмот, ривалството, државниот тим, навивањето, доведоа до таква состојба на свеста што е невозможно да се замисли држава и општество без спорт. Голем дел од младите доживуваат емоционален крш и е во поголема егзистенционална паника кога нивниот омилен тим се наоѓа пред банкрот и згаснување отколку кога е пред згаснување поголема компанија од која живеат локалните заедници или поширокиот регион. Ова може најдобро да се види во периоди на криза, кога спасувањето на клубовите кои се сметаат за носители на идентитетот има огромна подршка од јавноста, па често парите на истите даночни обврзници кои живеат без најосновните услови за живот се користат за опстанок и опоравување на клубот. Не е случајно што најголем дел од страстите и насоченоста кој спортскиот колективизам и еуфорија коинцидира баш со периодот на криза, транзиција и други општествени процеси, кои по својата природа се стресни и често неподносливи. Заедно со нацоналниот тим, приврзаноста на клубот и активното ангажирање имаат пресудно политичко значење за зачувување на социјалниот мир, што политичарите и институциите со капиталистичко потекло добро го знаат. Скоро и да плаши помислата на згаснување на спортот, бидејќи последиците по општествениот и социјалниот мир, а со тоа и поредок, би биле катастрофални.


Староримската максима “леб и игри”, за жал, не губи од актуелноста се додека постојат експлоататорски односи внатре во едно општество, бидејќи тоа е најсоодветниот, и што е поважно, најефтиниот начин на имунизација на пониските слоеви и осиромашената работничка класа и избегнување на класните анимозитети. Некогаш тоа беше религијата како опиум за народот, а денес е тоа спортот како секуларна религија. Поради тоа, како што детето од мало се крсти и се поврзува со верата, која на овие простори е скоро по правило во симбиоза со етничката припадност, така од мало се облекува во клубски и национално шалови и знамиња, и тоа станува неотуѓив дел од неговиот идентитет кој го носи во себе. Тоа го препознава како нешто бенигно и неполитичко, што во својата суштина никако не е, бидејќи афективната поврзаност и некритичниот однос према работите и реалноста најдобро се експлоатираат.


Сето ова не е напишано од позиција на анационален пуританизам кој се гади од приземните пароли и иконографии или од позиција на некаков самодоволен космополитизам кој набљудува од високо. Кај мене лично повеќе преовладува тагата за патриотизмот и за народот кој е свесен за својата општествена реалност, која треба да ја менува со колективен напор, а не со колективна еуфорија. Национализмот во смисла на сакање на земјата има своја цел во моментите кога се загрозени идентитетот и културата на еден народ или кога врз основа на националната свест се артикулира културниот или економскиот антиимперијализам и другите видови на отпор. Меѓутоа, ако карактерот на општествените појави се постави во историски правец, се доаѓа до сознание дека псортот, религијата, национализмот, како во одредени историски моменти може да служат за еманципација, така во некои други служат за конзервирање на постојните односи и интеграција во капиталистички вредносни хоризонти.


Овој вид културна хегемонија се зајакнува кога треба да се спроведе економска либерализација. Овие наративи се само симптоми на искивената свест и, како што покажа нашето не многу далечно минато, по правило служат да зад нив се спроведе првобитната акумулација и одземање на правата на работниците низ приватизација, со други зборови класична кражба. Поради сето ова останува неразбирливо зошто критичката теорија и левицата хронично избегнуваат да го анализираат професионалниот спорт во неговата општествена смисла, т.е. како функционален елемент внатре во класниот систем на експлоатација, која служи за негово одржување и зацврстување. Обично се фокусираат на карактерот на спортот како придвижувач на националистичките и другите чувства, што тој и е, но не ја препознаваат улогата на спортот во општествено – историски тоналитет, во кој тој неретко игра улога на институција од капиталистички поредок par excellence.

 

 

Текстот е превземен од Akuzativ 

Превод: К. Попова

Leave a Reply

Your email address will not be published.