(Фото) Здружението на граѓани “Проект-Еу” и навивачката група “Лозари-Исток” со нова заедничка кино проекција

Настанот беше дел од проектот “Стоп за национализамот” кој го реализира “Проект-ЕУ” од програмата на УСАИД. Во прекрасна атмосфера на која присуствуваа претежно млади лица, филмот беше проследен со дебата и свое видување на присутните и извлекување на поенти и пораки од она што беше видено.

“Kicking Off” e филм за најбруталните фудбалски хулигани, најнасилните фанови. Групацијата од навивачи ја сочинуваа најразлични луѓе кои потекнуваа од различни професии – банкари, музичари, студенти, автомеханичари, и сите тие имаат едно име – “Фирма“. Низ филмот како да владееше едно чувство – чим влезеш во групата хулигани, влегуваш доживотно. Нема враќање назад. Овој филм е базиран на вистинити случувања. 

Извор Проект-ЕУ


Created with flickr slideshow.

Leave a Reply

Your email address will not be published.