ПРОЕКТ-ЕУ на промоција на книгата „Од диктатура до демократија“ од Џин Шарп

На промоцијата на книгата присуствуваа голем број граѓански активисти и борци за човекови права. Преводот на ова дело го направи Васко Лазаревски кој истакна дека:

– Џин Шарп се труди да ги наведе методите на соборување на секоја диктатура и да овозможи начини на превенирање на повторно воспоставување на каква било форма на недемократско општество. Џин Шарп ми ги отвори очите со тоа што покажува дека соборувањето на диктатурата е бизнис и работа на мотивирање огромни сектори во општеството кои ќе се вклучат во таа борба. Не смее една диктатура да биде заменета со друга диктатура, туку да отвори демократски процеси.

За извршниот директор на Фондацијата Отворено Општество, која се јавува како издавач на оваа книга, Владимир Милчин,  “Многу е тешко да се слушнат поинакви гласови. Имаме главно монолог кој го диктира власта, сето друго е по малку на маргините на општеството. Јас лично морам да признаам дека ја читав книгата трипати и знам дека пред секое читање во период од неколку години ми се појавуваа нови прашања. Последниот пат направив еден дополнителен експеримент. На крајот од книгата има прилог 189 начини на изразување политички пркос. Се разбира Шарп ги собрал тие следејќи што се случувало на сите меридијани почнувајќи од јавно говорење. Штиклирав колку од тие форми биле применети во Македонија или се можни. И не сакам да ви кажам до која бројка стигнав, оставам тоа да го направи секој од идните читатели кои ќе размислуваат евентуално колку далеку сме од ослободувањето.”

Промоцијата се одржа во ГЕМ клубот во Скопје а модератор на истата беше новинарот Сашо Орданоски. Во рамките на промоцијата беше прикажан и документарен филм за Џин Шарп „Како да се започне револуција“.

Комплетното видео од промоцијата може да го погледнете овде

 

 

 
 
 
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.