Продолжува сагата на вработените во Дрекслмаер

Деан мотивиран од отказното решение, се решил својот глас да го крене на велешкиот портал Дума. Ваквиот пример на Деан треба да го следат многу од вработените кои мислат дека им се загрозени работничките права, и сметаат дека се изманипулирани од страна на менаџерите. Во оваа фабрика има моментално вработено некаде над 4000 вработени. Вработени има од Кавадарци (поголем број), од Прилеп, Неготино, Градско, Росоман, Велес , Прилеп, Куманово и други градови во Р. Македонија.

Деан смета дека отказното решение кое го добил од страна на менаџерскиот тим е поради протестите кои беа главно случување во минатата недела и поради тоа што Деан ги прашал своите менаџери зошто на извршителите не им биле исплатени пари за два месеца.Деан за Дума изјавува:

„ Вечерта кај 21 часот бев повикан од мојата претпоставена што ми е “формен“ на линија, да се качам во човечки ресурси горе. Отидов таму и ми рекоа дека многу им е жал бидејќи морале да ме известат дека сум испуште од работа. Ми го дадоа отказното решение, да се потпишам ме тераа. Им реков дека не се потпишувам додека не ми образложат зошто сум избркан од работа. Ми рекоа поради штрајк во фабриката и затоа ќе си одиш од работната позиција. Јас отпочеток не го потпишав отказот. Побарав да го прочитам прво, за да знам што потпишувам. Откако го прочитав го потпишав отказното решение како што треба . Ми викнаа потоа обезбедување. Од почетокот на штрајкот некаде околу 60 луѓе се избркани од Дрекслмаер, странската инвестиција на господинот Никола Груевски. Јас сум член во ВМРО-ДПМНЕ од 1994 година, активен до ден денеска . Странска инвестиција со 7, 8 или 9 илјади денари плата не е странска инвестиција. Нека види Гриуевски како не бркаат од работа за штрајк преку кој си ги бараам нашите права.“

По потпишувањето на отказното барање Деан со такси бил вратен во својот град. Тој смета дека со такси е вратен поради стравот дека може да влијае кај останатите негови колеги да предизвика кај нив освестување и кревање на гласот на сите вработени во фабриката.

Исто така Деан објаснува зошто дојде до минатиот протест во фабриката. Деан кажува дека:

„Не се исплатени тие пари за велигден што работевме. Имавме документ потпишан од овластен менаџер дека за работењето на Велигден ќе добиеме 2200 денари плус 1500 денари вредносен ваучер. Тие 2200 денари некој од фабриката си ги стави во џб. Јас имав 17 работни дена, а земав плата 9900 денари од кои 3400 ми се запрени на извршител. 6000земав пари во банката. Дрекслмаер два месеца ми запира пари поради судска забрана. Дркеслмаер нема ни скршен денар пуштено на сметката на извршителот. Поради тоа ќе поднесам и тужба а на суд да ми објаснат зошто ми ги запираат парите два месеца од платата, а ги немаат уплатено на сметката на извршителот“.

Исто така Деан го открива и нечовечкото однесување на менаџерите со вработените, тој кажува дека:

– „Притисок имаш од секоја страна. На кој му се работи нека работи. Тоа ни го викаа. Ти иде пред тебе шефот и ти вика, ако не ти свиѓа напушти го работното место. Те третираат како животно. Се работи на големо, а и се краде на големо. Цел месец да работиш со саботи и недели нема да земеш повеќе од 14 илјади денари. Имаме превоз и храна. Тоа никој не го одрекува, ама притисоците и работата која се работи не е фер од нивна страна. На иста работна позиција, исто одработени часови еден зема 9000 денари а другиот 12 илјади денари . Менаџерот ни рече дека тоа не требало да не засега“, и тврди дека проблемот потекнувал од менаџерите кои се од македонско потекло а не оние кои доаѓаат од Германија.

Исто така тој за крај апелираше до своите колеги, сега бивши, да не молчат и да не ги трпат малтретирањата и тортурите од страна на менаџерите, и да ги бранат своите работнички права кои им се загарантирани со закон.

Исто така во дополнување на оваа сторија, екипата на МојотГрад дознава дека по завршувањето на самиот протест, менаџерскиот тим од фабриката има отпуштено 60 луѓе.

Каде се сега синдикатите да ги заштитат вработените од притисоците на работното место? Дали воопшто има институции за да го заштитат работникот? Дали мобингот зема замав во ДрекстерМаер?

Извор: duma.mk 

Leave a Reply

Your email address will not be published.