Продолжен притворот за Кежаровски

Продолжувањето на притворот на Кежаровски, според образложението на Кривичниот совет е поради можноста да „влијае на сведоците и на истрагата“ во случајот Ореше, односно за судењето на двајцата велешани осомничени за „нарачано убиство“ на пензионер од ова село.
Томислав Кежаровски, пред еден месец беше притворен во полициската акција „Ликвидација“ под сомнение дека во два текста што ги објавил пред пет години во магазинот „Репортер 92“ наводно го открил идентитетот на заштитениот сведок.
Вчера во Основниот суд 1, иако беше најавено, не беше донесена пресуда за случајот „детонатор“ , со образложение дека е се уште во фаза на „доказна постапка“ и поради отворање на „процесни дејствија“!

Извор Телма

Leave a Reply

Your email address will not be published.