Проблемот со паркирањето во Кавадарци и понатаму нерешлива енигма, ќе се воведува зонско паркирање

Вчера, пред стручната јавност во Кавадарци беше презентирана физибилити студија за јавно приватно партнерство за зонско паркирање од која се очекува да биде решен проблемот со паркирањето. Се планираат три зони за паркирање.

Доколку сакате да го сместите вашето возило во центарот на градот за првиот час ќе се наплаќа 30 денари. Доколку возилото го оставите подолго од еден час тоа ќе ве чини 40 денари повеќе, за третиот час ќе се наплаќа по 50 денари и секој нареден по 50 денари. Улица Илинденска ќе биде втората зона и овде паркирањето ќе чини 20 денари а за секој нареден час по дополнителни 15 денари.

Најефтина ќе биде третата зона каде за еден час ќе се наплаќа по 10 денари. Во Кавадарци неодамна во употреба беше пуштена монтажна катна гаража која навидум беше решение за паркирањето. Но и покрај катната гаража кавадарчани го отежнуваат сообраќајот во строгиот центар на градот и се создава метеж. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.