Проблеми со кожата на стапалата

 

Во летниов период сте приморани да се спуштите од високи потпетици на рамни сандали, апостолки или балетанки, при што кожата на петите сериозно трпи. За да се ослободите од тврдокорните наслаги на нозете, поточно на петите, употребете ги следниве рецепти од домашната работилница, кои ќе им дадат нов сјај на вашите стопала.

Купка со јаболков оцет

За здрава кожа на петите е неопходна редовна хигиена, затоа негата на стопалата треба да се започне со купка во која сте додале јаболков оцет кој е најдобар помагач во темелното отстранување на габи и нечистотии.

Во два литри топла вода додајте шолјичка јаболков оцет, стопалата држете ги во купка најмалку 30 минути и оваа постапка направете ја најмалку два пати неделно.

Ако стопалата ви се во лоша состојба заради габична инфекција два пати неделно правете купка со топла вода и неколку капки масло од чаевец.

Ова масло е познато по своите антибактериски и антисептички својства.

Пилинг од мед и ориз

Изумрените клетки на кожата треба да се отстранат бидејќи под нив се крие нова, здрава кожа, а во овој случај тоа најдобро ќе го сторите со добар пилинг. Иситнете половина шолјичка ориз во блендер и во смесата додајте два децилитри јаболков оцет и две супени лажици мед. Добро измешајте и смесата втријте ја во тврдата површина на кожата од петите. Медот и оцетот ќе ја омекнат кожата, а оризот ќе помогне во отстранувањето на мртвите клетки.

Крем од бадемово масло

По пилингот стопалата треба убаво да ги измиете и добро да ја исушите кожата пред да ја нахраните со крем. За да и ја обезбедите на кожата потребната влага и соодветните витамини, идеално е да користите маслиново масло. Измешајте четири супени лажици маслиново масло со пет капки бадемово масло, нанесете ја мешавината на петите и измасирајте се со кружни движења по целата површина на стапалото.

 

Безвремени совети

– Секој ден проверувајте ја состојбата на стапалата 

– Користете лосион за стапала секој ден

– Редовно вежбајте.

– Чорапите менувајте ги секојдневно и внимавајте на врвот да немаат многу затегнати ластици

– Одржувајте го нивото на шеќер во крвта

– Ноктите секогаш сечете ги право, и никогаш не ги измазнувајте на страните.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.