Пробиени тестовите од екстерниот испит?

Во Државниот испитен центар ги отрфлија овие обвинувања како неточни, посочувајќи дека пробивањето на тестовите е невозможно. Полагањето веќе заврши, а и овие прашања не се веродостојни ни по содржина, ниту по формата, рече Благица Ласовска, од Државниот испитен центар.

Директорите на училиштата не сакаа да ги коментираат тврдењата на дел од учениците за пробивање на тестовите, иако оставаат простор за сомнеж. Им било чудно, како што ни рекоа некои од нив кои сакаа да останат анонимни, дека средношколците завршиле со решавањето на тестовите по македонски, физика, хемија и билогија за само 15 минути, а особено биле изнадени кога подеднакво брзо одговориле на прашањата и учениците со ниски оценки.

По голем број забелелешки од страна на јавноста, сомнеж во исправноста на начинот на кој се релизираше екстерното тестирање денеска изрази и ЛДП.Посочуваат мнозгу забелешки, а најспорна, според нив, е одлуката оценките од тестовите да влијаат на средниот успех на ученикот.

-Дури ученикот на тестот по одреден предмет и да ја потврди истата оценка која ја имал , на пример 4, а имал просек 4,52, значи одличен, оваа четворка му го намалува просекот- 4,46 и тој повеќе не е одличен, рече проф Солза Шопова Грчева.

Според ЛДП, последиците од овој, како што го нарекоа неквалитетен проект ќе бидат штетни и долгорочни по сите субјекти во процесот.Оссобено се загрижени од фактот дека и покрај сите пропусти и недостатоци надлежните инстититуции не покажале подготвеност за анализа за сите грешки.

Извор Телма

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.