Приведен кавадарчанец осомничен за убиство на негов сограѓанин
Портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска потврди дека кавадаречката полиција има приведено лице во врска со тој настан и оти во моментов се работи со него.
– Во полициската станица од општа надлежност во Кавадарци приведено е лице во врска со претепувањето и убиството од пред неколку дена. Приведеното лице е од Кавадарци и во моментов се работи со него, соопшти Стојковска.
На 30-ти декември, крвнички беше претепан Деан Д. од Кавадарци.Во општата болница во Кавадарци, истиот ден, Деан им подлегна на повредите.